• Latest

Човекот на Путин на Балканот

June 23, 2017

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Човекот на Путин на Балканот

June 23, 2017 13:42
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Инволвирањето на Балканот на Николај Патрушев, поранешен разузнавач и човек од доверба на Владимир Путин, посочува кон засилување на позицијата на Русија и на нејзиниот пристап во регионот, се вели во анализата, објавена деновиве, во рубриката „Форум“ на политико.еу (www.politico.eu) од перото на новинарот Хауард Амос.

Николај Патрушев, соколот од Кремљ, искусен разузнавач со долгогодишна кариера во разузнавачките служби и близок соработник на рускиот претседател, е челник на рускиот Совет за безбедност, познат по неговиот страствен национализам и конспирацискиот светоглед, како и со опсежното разузнавачко искуство.

Неофицијалното балканско портфолио на Патрушев ќе се вклопи во новите модели. Додека руската надворешна политика официјално му припаѓа на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, вистинското донесување одлуки е повеќе водено од мала група на разузнавачи и службеници на одбраната со близок пристап до Путин.

„Русија сé повеќе станува ‘адхакратија’ (неформална организациска структура без бирократски процедури) каде што поединците се задолжени со одговорности што можат или не можат да се совпаднат со нивната формална надлежност”, смета Марк Галеоти, експерт за руските безбедносни служби и висок истражувач во Институтот за меѓународни односи во Прага.

Поранешната шпионска инволвираност (на Патрушев) укажува на поагресивен руски пристап во регионот. „Патрушев е дефинитивно еден од оние луѓе кои мислат дека Русија е во егзистенцијална борба за нејзино преживување”, додаде Галеоти. „Тоа е Студената војна, манихејската визија за светот. Светот во кој сите пресврти за Запад, се имплицитно добри за Русија “.

Патрушев се приклучил на КГБ на Советскиот Сојуз во 1974 година и се верува дека првпат се сретнал со Путин, кој исто така бил поранешен разузнавач, на почетокот од 1990-тите. По 10 години како челник на ФСБ, руската агенција-наследник на КГБ, тој се преселил во 2008 година во Советот за безбедност, влијателно тело на високи функционери, формирано од Путин. Со голем дел од неговата кариера потрошен во сенките, за Патрушев има малку јавни податоци за учество во надворешната политика. Но, тој е познат како член на малата група советници блиски до Путин, лично вклучени во планирањето на анексијата на украинскиот регион – Крим во 2014 година.

Руските безбедносни служби сè повеќе и повеќе влијаат врз надворешната политика, според Андреј Кортунов, директор на Советот за меѓународни односи, тинк-тенк што го советува Кремљ.

Во изјавите за јавноста, Патрушев тврди дека САД се стремат да ја распарчат руската држава за „да го отворат пристапот до богатите ресурси за кои сметаат дека Русија неправедно ги контролира”. Тој, исто така, го критикува она што го гледа како сè поагресивно однесување од НАТО, тврди дека надворешната политика на Унијата е диктирана од Вашингтон и предупредува за подемот на нацизмот во Источна Европа.

Неофицијалната нова позиција на Патрушев, да ја предводи руската Балканска стратегија, доаѓа во време на лоши односи меѓу Русија и Запад.

Русија е особено лута поради овомесечниот пристап во НАТО, на Црна Гора, малата јадранска земја која ги обвини руските разузнавачи дека го планирале обидот за државен удар во земјата минатата година, очигледно дизајниран да ја спречи нејзината кандидатура за влез во Алијансата.

По обвинувањата за вмешаност на Русија во заговорот за мрачен удар, Патрушев се упати кон Србија за да се сретне со највисоките претставници на владата и безбедноста, во она што многумина го сметаа за мисија за измазнување на раскубаните пердуви. Според извештаите во медиумите, Белград екстрадирал неколку руски државјани, обвинети за планирање на заговорот.

Официјални лица во Москва инсистираа дека нема ништо невообичаено во патувањето, но улогата на Патрушев оттогаш се зголемува.

Минатиот месец, Патрушев беше тој што се состана со српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, за време на неговата посета на Москва на разговори за прашања од организираниот криминал на Интернет.

„Во текот на минатата година, стана јасно дека на Патрушев му е даден Балканот”, рече Галеоти. „Тоа зборува нешто за тоа колку е важен Балканот или колку важен ќе стане”.

Патрушев нема познати професионални врски со Балканот, но го назначи Леонид Решетников, контроверзен експерт за Балканот и екстремно бунтовен поранешен разузнавач во Советот за безбедност. Минатиот октомври, во пресрет на црногорскиот обид за државен удар, Решетников рече дека е “време (за Русија) да се врати на Балканот”.

Растечкиот профил на Патрушев на Балканот се совпадна со напредокот во руската активност во регионот.

Двајца руски државјани, Едуард Сисмаков и Владимир Попов, претходно овој месец, беа обвинети во отсуство, од црногорскиот суд за обид за кршење на Уставот на земјата, за време на наводниот обид за државен удар од минатата година. Црногорските обвинители веруваат дека двете лица се руски разузнавачи. Сисмаков беше спомнуван во руските медиуми дека работел како воено аташе во руската амбасада во Полска, пред да биде протеран во 2014 година за шпионажа.

Документите што протекоа оваа година, исто така, сугерираат заеднички напори на руските шпиони и на дипломати во Македонија, јужниот сосед на Србија, да ја зголемат поддршката за проруските групи.

Според Елена Гушкова, професор на Институтот за словенски студии во Москва, Русија може да преземе „многу сериозни” мерки, како одговор на секое понатамошно проширување на НАТО на Балканскиот Полуостров. „Судејќи според Црна Гора, може да се преземат многу различни чекори”, рече таа, осврнувајќи се на одлуката на Кремљ за намалување на економските врски и за повикување на руските туристи да не ја посетуваат земјата, која зависи од туристичките приходи.

Патрушев, претходно оваа година, предупреди дека НАТО, исто така, сака да ги убеди Босна и Херцеговина, како и Македонија да се приклучат на безбедносниот блок.

Според експертите, Русија најверојатно ќе ги концентрира напорите за зајакнување на постојните сојузи на Балканот. Ова значи, особено, со Србија, со која Русија има историски силни врски. Двете земји имаат заедничко словенско потекло и се првенствено православни христијани.

„Русија ќе се држи до земјите на Балканскиот Полуостров, кои ја потврдуваат нивната посветеност да не се приклучат кон НАТО”, рече Кортунов.

[divide]

(Авторот Хауард Амос е новинар од Москва, роден во Лондон, кој последните шест години известува од цела Русија и од просторите на поранешниот СССР).

Tags: БалканМакедонијаНАТОНиколај ПатрушевПутинРусијаСрбијаЦрна Гора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ