• Latest

Телевизиска хаварија: Латас – Заев 0:3 (во гости)

February 11, 2016

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Телевизиска хаварија: Латас – Заев 0:3 (во гости)

February 11, 2016 13:15
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Да ви кажам веднаш: Латас знае дека не помина добро со Заев. Тој не е вчерашен. Мислам дека тоа го разбираат и два-тројца од ДПМНЕ, околу Груевски. Настрана „лајковите“ и честитките (ако ги има), Латас ја промаши големата можност што ѝ се укажа на ВМРО-ДПМНЕ, преку својата најистурена пропагандна перјаница, да се обиде да се обрати на оние 40-50 отсто партиски неопределени гласачи кои ќе го решаваат исходот на вонредните избори. Мислам дека откако го догледала интервјуто на Латас со Заев на „Сител“, Лидија Богатинова, со право, честела во „Канал 5“!

S. Ordanoski
Пишува: д-р Сашо Орданоски

Дополнително, не само што ова скандалозно ниско ниво со кое Латас го изнавреди „гостинот“ Заев не носи гласачи за Латасовите политички спонзори, туку не носи нигледачи за самата телевизија „Сител“. А, гледачи на „Сител“ му се насушно потребни: да потсетам, нејзините рејтинзи во последните три-четири години се наоѓаат во слободен пад, со ниво на гледаност и на кредибилитет кој опасно се приближува на стандардите на поголемите локални телевизии во Македонија. Благодарејќи на ваквата уредувачка политика на Латас, „Сител“ денеска (меѓу две турски серии) се гледа за да се види каква нова глупост или кој нов скандал го смислил тимот на Протоѓер, кој е „спинот на денот“, а не за да се дознае нешто веродостојно од бурниот политички живот во Македонија. Дури и Мали Ѕинго мора да се чувствува како заложник на Латас, кој, очигледно, ја поседува судбината на „Сител“ во свои раце, упорно носејќи ја во правец на целосна телевизиска хаварија. Латас, своерачно, ја дисквалификува „Сител“ од разговорот за „нормализирање“ на состојбата во македонските медиуми, комплетно разобличувајќи ја телевизијата што ја уредува како главен фактор за ненормалноста во која се наоѓаме. Можеби така ви се чини, но ова не е само политичко, туку е и прашање од областа на примарното ниво во здравството на оваа земја.

Порано или подоцна, и раководството на ДПМНЕ и Мали Ѕинго ќе мораат да се соочат со својот проблем, доколку сакаат политички некако да преживеат, особено што, во нивниот случај, тоа преживување не се однесува само во политичката сфера. Мислам дека „одговорот“ на ДПМНЕ со основањето на својата ТВ „Нова“ не ја намалува штетата што секоја вечер им ја прави Латас со својот ударен „куртонски“ тим од телевизиски пропагандисти.

Сепак, тешко може да се каже дека ваквиот исход од „интервјуто“ на Латас со Заев е некакво големо изненадување. Ниту во најдобрите пропагандистички времиња – кога од петни жили работеше за Бранко Црвенковски – Латас не бил којзнае каков телевизиски водител. Слабо образован, со една новокомпонирана улична интелигенција слична на поетските „длабочини“ на српскиот турбо-фолк, наполнет со шпекулации од највалканите регионални и домашни полициско-криминални кујни, тој отсекогаш бил телевизиската „ехо-комора“ на оној кој, во моментот, најдобро плаќал. За него парите„немале мирис“, а мора да му се признае и дека јавно не претендирал премногу сериозно дека се занимава со новинарство. Забава за народ, во една траги-комична форма. Разликата е само во тоа што, до пред некоја година, Латас знаеше каде е границата на дрскоста која не смее да се помине дури и во неговите емисии, каде дефиницијата за пристојност и елементарна коректност често лазела по земја. Некни Латас „поштено“ се обрука.

Што се однесува до Заев, тој таа вечер немаше што многу да прави на програмата на „Сител“. За него ќе беше понепријатно телевизискиот водител навистина да му оставеше простор да одговори на некое од поставените прашања. Вака, Латас, тркајќи се самиот со себе, ја заврши целата работа и за него предлагам ова интервју да се заведе со службен резултат од 3:0 за Заев, во гости. „Сител“ е пред испаѓање од лигата.

 


Оваа колумна е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Колумната e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на колумната е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Tags: ГруевскидиктатураЗоран ЗаевизбориЛатасМакедонијаполитичка кризаполицијаСашо Орданоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ