• Latest

Тодоров ги обвини СДСМ, медиумите „и некои други фактори однадвор“ за одлуката на Управниот суд за Теарце!

December 21, 2016
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тодоров ги обвини СДСМ, медиумите „и некои други фактори однадвор“ за одлуката на Управниот суд за Теарце!

December 21, 2016 13:44
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај уважената жалба на ВМРО-ДПМНЕ за Гостивар, според Никола Тодоров, партијата, останува на ставот искажан во Прогласот на Извршниот комитет. Значи, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на прегласувањето во Теарце во недела и нема да ги признае резултатите, а нема да дозволи ни „функционирање на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните на Република Македонија“, што и да значи тоа…

По објавувањето на одлуката на Управниот суд дека е уважена тужбата на СДСМ, дека гласањето во Теарце е поништено и ќе има прегласување, шефот на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, одржа прес-конференција, на која обвини дека „СДСМ и нивните налогодавачи срамно продолжуваат со обидот за кражба на кристално чистата победа на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори. Судиите од Управниот суд кои гласаа за уважување на тужбата на СДСМ, донесоа противправна одлука водена од политички мотиви“, изјави Тодоров.

„Притисоците врз судот кои се случуваа од СДСМ, медиумите блиски од СДСМ, како и некои други фактори однадвор, вродија со плод – да доведе до скандалозен правен преседан кој говори за политичка мотивираност при одлучувањето, наместо водење според правни факти и докази. Еден од најголемите докази за противправното одлучување на судиите од Управнот суд, кои одлучуваа за оваа тужба е фактот што нестандардно за судската пракса, во образложението не се наведени конкретните законски причини, и основи заради кои се носи оваа одлука, туку е наведена една општа формулација, која  е несвојствена, нетипична, и која отстапува од правните стандарди, а тоа е дека се случувале низа неправилности. Кои се тие неправилности, за каков тип на неправилности станува збор, тоа воопшто не е содржано во образложението на пресудата“, рече Тодоров.

upraven-sud-tabla

Тој обвини дека постои „поголемо сценарио, чија цел е поништување на волјата на граѓаните и постизборен инженеринг за фалсификување на волјата на граѓаните и на изборите“, односно, за да ѝ се украде победата на ВМРО-ДПМНЕ. Тодоров ја обвини и ДИК за донесување на противправни одлуки, а според него, потоа инженерингот се префрлил и на Управниот суд.

„Сценариото за кражба на изборната победа, нé прави поцврсти, порешителни и поединствени во нашата намера да ја одбраниме демократијата, затоа што сме на страната на народот, правдата, правото и вистината. И во тој контекст, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот искажан во Прогласот на Извршниот комитет на партијата од саботата“, рече Тодоров.

Според првата точка на Прогласот што го обелодени лидерот Никола Груевски, „Државната изборна комисија донесе незаконски одлуки, со цел изигрување на изборната воља на народот. Работата на ДИК се претвори во  пародија, имаме информации за вмешување на некои странски претставници, со цел вршење влијание на некои од членовите на ДИК, а во правец на постизборен инженеринг и фалсификување на изборната воља на граѓаните на Република Македонија. Некои од независните претставници на ДИК не се независни. Незаконските одлуки на ДИК може да ги корегира Управниот суд. Повикуваме да не се врши никаков притисок на Управниот суд, од никого.

Доколку и Управниот суд подлегне на влијанијата од страна и ги потврди незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсификува слободно изразената воља на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека꞉

Нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување. Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира Влада со фалсификувана воља на граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана воља на граѓаните и функционирање на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните на Република Македонија“.

Tags: ВМРО-ДПМНЕДИКЗоран ЗаевНикола ГруевскиНикола ТодоровпрегласувањепрогласСДСМУправен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ