• Latest

(Видео) Тосевски: Во еден момент војната ќе заврши, ќе се обнови инфраструктурата, ќе се обноват куќите; но, жртвите на оваа бесмислена агресија заслужуваат повеќе – тие заслужуваат правда

February 24, 2023

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

(Видео) Тосевски: Во еден момент војната ќе заврши, ќе се обнови инфраструктурата, ќе се обноват куќите; но, жртвите на оваа бесмислена агресија заслужуваат повеќе – тие заслужуваат правда

February 24, 2023 12:35
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот секретар во МНР, Филип Тосевски на Конференцијата „Украина – година на хероизмот“ по повод годишнината од почетокот на воената агресија на Руската Федерација врз Украинa, на почетокот на своето обраќање истакна дека токму пред една година се случи незамисливото: војна агресија во Европа, во 21 век, по децении внимателно и вешто изработен меѓународен поредок заснован на правила и принципи.

Денес, точно една година од агресијата врз Украина и Украинскиот народ, кога народот на Украина страда од злото на неиспровоцирана, неоправдана и намерна агресивна војна, ја искажуваме нашата несебична и пријателска поддршка, во знак на солидарност, бидејќи денес е Украина, утре може да биде која било наша држава која се потпира на нормите и принципите на меѓународното право и ја смета Повелбата на Обединетите нации како неоспорна гаранција за нивната независност, суверенитет и територијален интегритет, истакна Тосевски.

Тосевски нагласи дека Руската Федерација ги прекрши овие фундаментални принципи, кои сите ги негуваат и за кои се согласуваат сите, без оглед на сите разлики меѓу нас. Осуда, затоа што не е прифатливо некој – и да не зборуваме за постојаниот член на Советот за безбедност, наводен чувар на мирот и стабилноста во светот – и под какви било околности и изговори – да изврши инвазија на суверена држава, да ја уништи нејзината инфраструктура и нарушуваат неподносливо страдање на цивилното население. Не можеме да дозволиме или да признаеме територијално освојување и промена на границите со војна, ниту смешно организирани референдуми на така окупираните територии. Не можеме да прифатиме враќање на сферите на влијание, владеење на сила и правото на најсилните да одлучуваат за судбината на другите народи.

Државниот секретар во МНР, Филип Тосевски на Конференцијата „Украина – година на хероизмот“ Фотографија: Ангел Ангеловски

Тосевски се осврна и на енергетската и безбедноста на храна во светот, кои се само дел од директните последици на оваа агресија, но најголемата опасност лежи во оспорувањето на целиот меѓународен поредок заснован на правила. Меѓународната заедница, отелотворена во Обединетите нации, не може да си дозволи ова грубо кршење на сите норми и принципи да помине без одговор. Правдата и одговорноста се потребни пред се заради жртвите, но тие се и предуслов за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Тој потсети дека Северна Македонија го прифати ова барање, поддржувајќи ја истрагата на Обвинителството на МКС за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Украина. Дополнително, треба да се имплементира целиот меѓународен механизам за човекови права во борбата против неказнивоста и одговарање на одговорните за воените злосторства и други прекршувања на меѓународното хуманитарно право или за злоупотреба на човековите права. Усвојувањето на резолуцијата на UNGA е од огромно значење во овој поглед.

Северна МАкедонија е иницијален коспонзор и гласаше за резолуцијата што синоќа се усвои во ГА со 141 за, 7 против и 32 воздржани на 11та Итна Специјална сесија на ГС што повика за ставње крај на војната и РФ веднаш, целосно и безуслово да се повлечи од територијата на Украина  и за прекин на сите насилства (Пара 11 од резолуција)

Од 1 јануари годинава, Северна Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ – најголемата регионална безбедносна организација во светот. Руската агресија врз Украина ги нагризува и основите на оваа Организација, со прекршување на одредбите од завршниот акт на Хелсинки. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговото прво патување во странство како претседавач со ОБСЕ ја посети Украина и виде разорните последици од војната разговараше со невини цивили, повеќето од нив постари луѓе или дец,. Што згрешиле овие луже да ја заслужат оваа судбина? И се поставува прашање повеќе: што можеме сите ние, меѓународната заедница, да направиме, повеќе од хуманитарна помош, за да ги ублажиме овие неиздржливи човечки страдања? На крајот на денот, како што вели мотото на нашето претседавање со ОБСЕ, се работи за луѓе. Која е смислата на нашите политички дејствија, на национално и на меѓународно ниво, ако останеме без работа пред човечките страдања, предизвикани не од природни катастрофи, туку од намерна агресивна војна. Одговорноста денес е морален императив бидејќи е најефективното средство да се избегне ова да се повтори, на друго место, на друга суверена држава, на друг народ.

Во еден момент војната ќе заврши. Ќе се обнови инфраструктурата, ќе се обноват куќите. Но, жртвите на оваа бесмислена агресија заслужуваат повеќе: тие заслужуваат правда. И човештвото заслужува поцврста и закотвена основа за избегнување на агресивни војни во иднина. Одговорноста не е цел сама по себе; но, според моето искрено гледиште, тоа е неопходна алатка за обезбедување мир, стабилност и безбедност ширум светот и навистина „да се спасат следните генерации од злото на војната“, нагласи државниот секретар,

Горди сме на нашите Украиски пријатели во истрајноста да ја одбранат својата земја и принципите на демократијата и слободата. Истовремено целата меѓународна заедница мора да остане обединета и посветена овие страшни злосторства против украинскиот народ да бидат соодветно и правично процесиурани, а извришителите да одговараат пред лицето на правдата, кажа Тосевски на крајот од обраќањето.

Н.Абдурахмани

Камера: Атанас Петровски/Александар Ризински

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети

Tags: Државен секретарконференцијаМНРруска агресија врз Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ