Американскиот претседател Доналд Трамп, кој неодамна жестоко ја критикуваше реакцијата на полицијата по масакрот во Флорида, изјави дека „дури и невооружан би влетал во училиштето“ ако би бил таму.
– Не знаете додека не се најдете во таква ситуација, но мислам и навистина верувам дека таму ќе влетав дури и да немав оружје, истакна Трамп во синоќешното обраќање до гувренерите на американските сојуни држави во Белата куќа.
Тој додаде дека верува оти поголемиот број од присутните во просторијата би постапиле како него.
Годишниот зимски состанок со гувернерите во Вашингтон беше фокусиран на последиците од масакрот од 15 февруари што се случи во училиште во Паркленд, Флорида, при што загинаа 17 ученици и професори.
Трамп уште еднаш посочи на потребата за примена на новиот закон за контрола на оружјето и за подобрување на безбедноста во училиштата.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.