• Latest

Трансплатацијата има иднина во Македонија

June 9, 2018

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трансплатацијата има иднина во Македонија

June 9, 2018 14:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Трансплантација на ткива и органи – предизвици и дилеми“ е насловен меѓународниот Симпозиум, прв од ваков карактер што се одржува во Република Македонија во организација на Клиничката болница Аџибадем Систина.

Симпозиумот го отвори министерот за здравство Венко Филипче, а освен од земјата домаќин, присуствуваа предавачи и гости од пет земји од Регионот.

– Важно е постојаното подигнување на нивото на соработка и размена на искуства со Министерството за здравство и со јавните здравствени установи, меѓу другото, затоа што трансплантација е и одлична можност за отворање на перспективите за јавно приватно партнерство во здравствениот систем на Република Македонија, изјави д-р Јана Марин, директор на Болницата и член на Одборот на директори на Аџибадем Систина.

Со експертски предавања, на Симпозиумот учествуваа еминентни професори од областа на трансплантацијата на ткива и органи од здравствената групација Аџибадем од Турција, како и домашни експерти од Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ од Скопје.

– Согласно статистиките, само 30 отсто од пациентите на кои им е потребна трансплантација имаат блиску поврзани донори (брат, сестра), додека 70 отсто немаат блиску поврзани донори. Значи, за овие пациенти, изборите се – да имаат неповрзан донор, од националната или интернационалната банка на донори или да се потпрат на високата технологија. Во просек еден пациент има најмалку 2,5 неповрзани донори за трансплантација, што е далеку повеќе од 0,3 со блиску поврзани донори за трансплантација, вели проф. д-р Сирет Ратип, од болницата Аџибадем Алтунизаде, Турција.

Неговиот колега, проф. д-р Ерџумент Овали, од Аџибадем Лабген и професор по Хематологија на Универзитетот Аџибадем, Турција, заклучува дека модерното доба доаѓа до опции на молекуларна и ќелиска терапија, а технолигијата рапидно се развива.

– Македонските колеги се свесни за ова и ние заедно ќе се потрудиме да ги развиваме случувањата. Да, ќе понудиме технологија и знаење, но ќе понудиме и наша непосредна помош, асистенција, во иднина да се постават, да се развиваат и постојано да се надоградуваат врвните технолоигии во трансплантацијата во Македонија, вели тој.

Домашните експерти од областа имаа свои предавања, во кои што презентираа дел од македонските искуства.

– Македонија пред неколку децении беше лидер во регионот во однос на кадаверичната трансплантација. За жал, денес, сè уште се обидуваме да се вратиме на старите патеки и истовремено да обезбедиме мултиорганска трансплантација и да станеме членови на Еуро-трансплант, вели проф. д-р Борче Георгиевски, од Универзитетската клиника за хематологија.

Предавањата на Симпозиумот акредитиран од Лекарската комора на Македонија ги следеа над 120 доктори од Македонија, како и од Турција, Србија, Бугарија, Албанија и Косово. (МИА)

Tags: Венко ФилипчеМакедонијаСимпозиумтрансплатација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ