• Latest

Тркалезна маса: Има ли слобода во Македонија?

March 14, 2018
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тркалезна маса: Има ли слобода во Македонија?

March 14, 2018 09:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ денеска организира тркалезна маса на тема „Има ли слобода во Македонија?“, посветена на слободата на изразувањето и медиумските слободи, во Клуб на новинари, со почеток во 13 часот.

Презентацијата на проектот, наодите и препораките од истражувањата и разговорите со луѓето од медиумската сфера и граѓанскиото општество, како и анкетите со граѓанките и граѓаните ќе ја одржи претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала.

По презентацијата ќе се обрати и Драган Секуловски, извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија, а секако тркалезната маса е отворена за сите учеснички и учесници во проектот, но и оние кои ја немале таа можност.

Во изминатите пет месеци, организацијата го спроведе проектот „Од разбирање до одбрана на слободата на изразувањето и медиумските слободи“ во кој учествуваа над 60 луѓе од медиумската сфера и граѓанското општество, а учествуваа и стотина граѓанки и граѓани кои одговараа на прашањата дали во Македонија има слобода на изразувањето, дали им веруваат на медиумите и каква е нивната перцепција за независноста на медиумите.

На тркалезната маса ЦИВИЛ ги покани соговорничките и соговорниците во проектот, чии ставови се објавени и на медиумската платформа на македонски, албански и англиски јазик.

Настанот е отворен и за претставниците на медиумите, граѓанското општество, институциите и заинтересираните граѓанки и граѓани.

Проектот „Од разбирање до одбрана на слободата на изразувањето и медиумските слободи“ е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите“, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

 

Tags: МакедонијаМедиумимедиумски слободипроектслободаслобода на изразувањетркалезна масаЦивил
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ