• Latest
Мурал од Бенкси

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на мирот: Мирот во светот ќе добие шанса кога Русија целосно ќе замине и ќе одговара за геноцидната војна против Украина

September 21, 2023

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на мирот: Мирот во светот ќе добие шанса кога Русија целосно ќе замине и ќе одговара за геноцидната војна против Украина

September 21, 2023 12:06
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГРАЃАНСКА, ДИСКУРС, ПОЛИТИКА, СВЕТ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Мурал од Бенкси

Мурал од Бенкси

Share on FacebookShare on Twitter

Втора година по ред, во услови на брутална и геноцидна руска воена агресија против независна, демократска и мирољубива Украина, се одбележува Меѓународниот ден на мирот. Темата на Обединетите Нации оваа година е „Акции за мир: Нашите амбиции за #ГлобалнитеЦели“, всушност, не ја отсликува мрачната реалност што на светот му ја наметна Кремљ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти, волонтери, како и граѓанските здруженија, политичките субјекти, да им се приклучат на сите мирољубиви луѓе ширум светот во одбележување на Меѓународниот ден на мирот со повици за мир, но и за правда во светот.

ЦИВИЛ повикува на целосно повлекување на руските воени сили, до последниот војник и платеник, а потоа и целосно ќе се соочи со меѓународната правда за деструкцијата, воените злосторства и геноцидот што го спроведува против Украина.

На Меѓународниот ден на мирот мора да се потсетиме колку лесно може да се наруши и распадне мирот во светот и да предизвика ужасни разурнувања и страдања. Руската агресија врз Украина ги дестабилизира светскиот мир и демократијата преку хибридните напади, уцената со енергенси и со храна, со жестоки пропагандни кампањи и дезинформации. Со тоа, Кремљ се обидува да ги скрие неизмерните насилства и очигледната намера за истребување на украинската нација, за што отворено и гласно говорат пропагандистите во руските државни медиуми.

Воената агресија против Украина, како и сите воени и други конфликти на било која точка во светот, ја наметнуваат потребата од обединување против злото. Секој човек има обврска да застане во одбрана на правото за мирно и достоинствено живеење во демократски и праведни општества каде поделеноста, омразата, насилството, борбата за власт и моќ на сметка на човековиот живот и достоинство ќе бидат отфрлени и остро осудени. Сторителите на злосторства против човештвото и архитектите на злото, деструкцијата и геноцидот мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

Тоа е човечка и цивилизациска обврска!

Со силна поддршка за Украина и украинската нација, ЦИВИЛ повикува на обединување на светот во заложбите за ставање крај на руската агресија и обнова на мирот и стабилноста на Украина. Многубројните изгубени човечки животи да бидат и последни што ќе сведочат за хоророт и деструкцијата што војната ги носи со себе.

ЦИВИЛ стои на ставот дека мирот, слободата и еднаквоста се вредности кон кои се стремат и граѓанките и граѓаните на Северна Македонија, како и нејзините демократски институции. Тие вредности треба сите заеднички секојдневно да ги вреднуваме и промовираме. Негувајќи го мултикултурализмот наспроти меѓуетничките и другите конфликти, промовирајќи ги заложбите за европските и цивилизациските вредности, наспроти националистичките наративи, дезинформациите и пропагандата, заеднички ќе се извојува битката за демократско и праведно општество.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, уште од основањето на организацијата во 1999 година, во својата визија и мисија го промовира мирот и демократијата, свет во кој луѓето ќе живеат мирно и достоинствено. Во своите темели, организацијата бескомпромисно и во целост ги вгради заложбите за општество каде што човековите права и слободи ќе се почитуваат во целост, култот кон оружјето и насилството ќе биде надминат, а дискриминацијата, нееднаквоста, омразата, предрасудите, национализмот ќе бидат само мрачна епизода на минатото.

ЦИВИЛ

Tags: воени злосторствавојнагеноцидмирОНруска агресијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ