ЦИВИЛ ќе биде на располагање за изјави за локалните медиуми и дописници во Куманово, утре во 14:30 часот, по средбата со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Средбата со градоначалникот Димитриевски е дел од серијата средби со градоначалници на кои е предвидено да стане збор за соработка и организирање јавен настан на тема „Граѓански дијалози за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот и европските вредности на локално и национално ниво“.
Овие средби се дел од проектот на ЦИВИЛ „Заедно за подобра иднина“, посветен на промоцијата на мултикултурализмот и европските вредности, а се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург.
ЦИВИЛ ќе биде на располагање на медиумите и за други прашања и теми што се од интерес за јавноста. Изјава за медиумите ќе даде претседателот на Организацијата, Џабир Дерала.