• Latest
Photo by Josh Barwick on Unsplash

ЦИВИЛ за Меѓународниот ден на демократијата: Демократијата е исправена пред жестоки предизвици

September 15, 2023

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ за Меѓународниот ден на демократијата: Демократијата е исправена пред жестоки предизвици

September 15, 2023 15:09
in ОПШТЕСТВО, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Photo by Josh Barwick on Unsplash

Photo by Josh Barwick on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден, пред 16 години светот започна да го одбележува Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември. Овој ден се одбележува секоја година низ светот за да се зајакне демократијата и да се истакнат нејзините вредности и принципи.

Темата на Меѓународниот ден на демократијата оваа година е „Зајакнување на следната генерација“. ОН се фокусира на суштинската улога на младите во унапредувањето на демократијата и обезбедувањето дека нивните гласови се вклучени во одлуките кои имаат големо влијание врз нивниот свет. Климатска правда и демократија се дел од таа тема. Ефектите од климатската криза врз животната средина денес е невозможно да се игнорираат, а станува сè поочигледно дека тоа е предизвик за демократијата: растечката несигурност на храна, миграцијата, недостигот на вода и екстремните временски настани предизвикуваат конфликти и им тежат како проблеми на гласачите.

ЦИВИЛ им го честита Меѓународниот ден на демократијата на сите граѓанки и граѓани во земјата и во светот, со повик за почитување на принципите на демократијата секогаш и секаде, и порачува дека декларациите за демократски свет треба час поскоро да се претворат во дела.

Вредностите на слободата, почитувањето на човековите права и принципот на одржување периодични и вистински избори со универзално право на глас се основните елементи на демократијата. За возврат, демократијата обезбедува природно опкружување за заштита и ефективно реализирање на човековите права. Овие вредности се отелотворени во Универзалната декларација за човекови права и понатаму се развиваат во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, меѓународни документи кои опфаќаат мноштво политички права и граѓански слободи кои наметнуваат обврска на државите да ги почитуваат.

Но демократија не значи само право на глас, туку и право на достоинствен живот од секој аспект, право на определба, учество, соработка, еднаквост и почит.

Во овие речиси две години, светот сведочи на уште едно грозоморно и масовно газење и рушење на демократијата и човековите права и територијалниот интегритет со руската воената агресија против Украина. Оваа војна е исклучително болна за демократските вредности на целото човештво.

Истовремено, сиот демократски свет негува надеж дека храбрата украинска нација, со поддршка од сите демократски сили во светот, ќе се ослободи и ќе се издигне повторно.

ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи, со длабоко вкоренети убедувања и дејствување во одбрана и промоција на универзалните човекови права и слободи, и демократските вредности – упатува повик до сите демократски сили во светот да не потклекнуваат пред предизвиците на злото.

Меѓународниот ден на демократијата дава можност да се разгледа состојбата на демократијата во светот и дома. Демократијата е исправена пред жестоки предизвици. Таа е исто толку процес, колку што е и цел. Само со целосно учество и поддршка од граѓанките и граѓаните, како и од институциите, медиумите, граѓанското општество и меѓународната заедница, идеалот за демократија може да се претвори во реалност што ќе ја уживаат сите граѓанки и граѓани низ целиот свет.

Врската помеѓу демократијата и човековите права, меѓу другото, се утврдува и во членот 21 (3) од Универзалната декларација за човекови права, во кој се вели:

„Волјата на народот ќе биде основа на авторитетот на владата; оваа волја ќе биде изразена на периодични и вистински избори што ќе бидат со универзално и рамноправно избирачко право и ќе се одржуваат со тајно гласање или со еквивалентни бесплатни постапки за гласање. “

Честит Меѓународен ден на демократијата!

ЦИВИЛ

Tags: демократијаклиматски промениОНруска агресијаУкраинаЦивилчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ