• Latest

Тунева: Со навремени информации на институциите да се спречат дезинформациите

March 23, 2023
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Тунева: Со навремени информации на институциите да се спречат дезинформациите

„Несекогаш е евидентно што е дезинформација, што е манипулација, што е погрешна информација, за жал во денешно време тоа е спакувано во една убава форма што е тешко да се препознае што е дезинформација“, вели Тунева.

March 23, 2023 15:34
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Дезинформациите не се само одлика на нашето секојдневие и со случувањата во оваа држава, туку се нешто што се случува на глобално ниво, меѓутоа тоа не нè амнестира од одговорноста што ја имаме сите ние како креатори на информации, како некој што ги консумира тие информации како публика, вели Проф. д-р Марина Тунева, медиумски експерт, во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

„Проблемот за жал навистина постои, можеби е многу повеќе присутен на социјалните мрежи, меѓутоа ако се земе предвид, колку социјалните мрежи се извор на информации и за граѓаните и за дел од медиумите, или се почесто станува како практика во обидот да се дојде до некоја тема за која ќе се информира, тогаш несомнено штетите се големи. Тоа е проблем што треба систематски да се адресира со меѓусекторска соработка, со одговорност и внимание во однос на консумирањето на информациите“, вели Тунева.

Таа додава дека искуството покажува дека дезинформациите најчесто се присутни кога станува збор за сензитивни прашања, било да се на политичката сцена или со јавното здравје (здравство) итн.

„Видовме и на глобално ниво како лесно се шират дезинформациите и во нашата држава и како тие со голема брзина и леснотија се конзумираат од граѓаните. Војната во Украина, земјотресите кои се случија во Турција и Сирија, корона кризата се евидентен пример како се ширеа дезинформации и тие навистина имаа влијание врз здравјето на населението и јавното здравство… Мора многу внимателно да се фокусираме кон решавањето на проблемот со дезинформациите. Не треба сè да се сведе само на дебати, конференции или истражувања, туку реално да се насочиме кон справувањето со овој проблем“, вели таа.

Тунева вели дека дезинформациите може сериозно да влијаат врз безбедноста на државата.

„Границите се флуидни и фактот дека сè почесто се користи интернетот, социјалните мрежи за пренос, за транфер на информации, подразбира дека некои информации, лесно може да станат закана за безбедноста во државата. Во однос на заканите со бомби во училиштата, присутен е тој проблем и во други земји, не знаеме кој е креаторот, само се шпекулираше кој е креаторот, меѓутоа порозни се границите и лесно може да стане проблем поврзан со безбедноста во државата“, нагласи таа.

Околу креаторите на дезинформациите вели дека тие доаѓаат од државата или од надвор од одредени групации или центри на моќ, групи со некаков интерес кои создаваат околности со кои јавноста е збунета и не знае како да постапува.

„Луѓето се плашат од конфликт или дека нешто ќе се случи што ќе ја наруши безбедноста. Не можеме да лоцираме одговорност само од една страна, но она што е заедничко за сите е најчесто некаков интерес. Понекогаш дезинформациите, мисинформациите или погрешните инфромации и несвесно се шират, бидејќи луѓето најчесто веруваат во она што сакаат да веруваат. Со студии што се прават на глобално ниво се согледува дека граѓаните без разлика на колку извори на информации се изложени, тие сепак ги избираат информациите што ним им одговараат, и се преклопуваат со ставовите, вредностите, интересите, или тој обем на информации кои што ги имаат акумулирано за одредена тема. Тоа зема се поголем замав и треба да се реши“, вели Тунева.

Во рамки на едно тековно истражување во кое се вклучени, пред сè, младите, произлегува дека тие сметаат дека политичарите се креатори на дезинформации.

„Младите се сомневаат во содржината што произлегува во име на политичарите или политичките партии, центри на моќ итн. Постојат стравувања дека и врз тие политичари има некакви извори на влијание било да се внатре во државата или да се однадвор кои што шират одредени вистини, полувистини, манипулативни информации итн. Секој што има интерес, а може да е и интерес за остварување на некаков профит“, вели таа.

Професорката Тунева вели дека има примери кога порталите објавуваат вест со наслов кој што нема врска со содржината, само колку да има повеќе кликови, а тие кликови им носат профит.

Таа вели дека државата не треба да има преголема улога во однос на справување со проблемот со дезинформациите.

„Улогата на невладиниот сектор, на образовните институции, неформалното образование, медиумските организации и саморегулацијата пред сè треба да дојдат до израз. Ако се остави на власта да го решава тој проблем постојат и одредени ризици, како што е и цензурата“, потенцира Тунева.

Таа е децидна дека треба да постои меѓусекторска соработка и државните институции да реагираат доколку се шири говор на омраза, дискриминација, загрозување на националниот интерес…

„Институциите треба да бидат транспарентни, отчетни и навремено да настапат кон јавноста, бидејќи поради недостик на информации се остава простор други чинители да го пополнат тој простор. Доколку институциите реагираат брзо нема да се остави простор за ширење на дезинформации“, додава Тунева.

Проф. д-р Тунева вели дека многу често се случува просторот во медиумите да го заземат личности што немаат компетентност да зборуваат и анализираат одредена тема, и ни се случува да циркулираат исти личности во медиумите или на социјалните мрежи и тие да пласираат некои свои гледишта кои можеби не се доволно проверливи или аргументирани, а голем дел од луѓето да веруваат во тоа.

„Несекогаш е евидентно што е дезинформација, што е манипулација, што е погрешна информација, за жал во денешно време тоа е спакувано во една убава форма што е тешко да се препознае што е дезинформација“, вели таа.

Професорката Тунева вели дека младите имаат алатки и почнуваат да ги распознаваат дезинформациите.

Дехран Муратов
камера и фотографија: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дезинформацииинтервјупропагандаТунева
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ