• Latest

Тунева за НОВА ТВ: Мора да се инвестира во достоинствено новинарство

May 2, 2025
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Тунева за НОВА ТВ: Мора да се инвестира во достоинствено новинарство

Медиумската слобода кај нас може да се спореди со кислород на голема надморска височина. Формално присутна, но премалку концентрирана за здив со полни гради.

May 2, 2025 10:36
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

На 3-ти мај се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите, ден на кој ја истакнуваме важноста на независното новинарство и правото на вистинито информирање кои треба да се дел од секојдневната работа на новинарите. НОВА ТВ разговараше со д-р Марина Тунева, медиумска експертка и вонредна професорка на Институтот за комуникациски студии, за актуелната состојба на медиумите и слободата на изразување во земјава.

Нова: Како би ја опишале актуелната состојба на медиумите во нашата земја?

Тунева: Медиумскиот систем честопати наликува на архитектура со солидни темели, но со недовршен кров и скали што водат до ќор-сокаци. Имаме инфраструктура на медиумски плурализам, формално постојат многу гласови, но тие ретко се среќаваат во вистинска дебата.

Од една страна, имаме новинари со висока професионална етика, кои работат со исклучителна посветеност и покрај ограничените ресурси и притисоците. Од друга страна, медиумската сцена е ранлива, под влијание на политички центри, бизнис интереси и новите алгоритамски сили што го моделираат вниманието и приоритетите.

Во ерата на вештачката интелигенција, тоа значи дека сè повеќе се губи улогата на уредникот како чувар на јавниот интерес, а се зајакнува логиката од типот „вреди тоа што се клика многу“.

Нова: Како го оценувате нивото на медиумските слободи и слободата на изразување?

Тунева: Медиумската слобода кај нас може да се спореди со кислород на голема надморска височина. Формално присутна, но премалку концентрирана за здив со полни гради. Не станува збор толку за забрани, колку што се присутни одредени, постојани, форми на притисок: економска зависност, неформално влијание, култура на автоцензура и нормализирање на стравот.

Новинарите сè почесто се соочуваат со „тивка корозија“ на слободата преку изложеноста на постојан стрес, несигурност, експлоатација, па и отсуство на задоволителна институционална заштита. Во споредба со медиумските системи во западна Европа, кај нас сè уште се води борба за основната слобода, не само да се објави нешто, туку и тоа да биде слушнато, разбрано и заштитено од потенцијални реперкусии.

Нова: Кои се вашите препораки за унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи?

Тунева: Прво, мора да престанеме да ја третираме медиумската слобода како декларативна вредност и конечно да почнеме да ја негуваме како есенцијален јавен ресурс.

Мора да се инвестира во достоинствено новинарство преку одржливи модели на финансирање што ќе бидат отпорни на партиски и бизнис влијанија. Новинарите не се волонтери на демократијата, тие мора да имаат услови да живеат од својот труд, а не само да опстануваат во него.

Понатаму, неопходно е да се спречи алгоритамската логика да стане новиот принцип на уредување на содржините. Вештачката интелигенција не смее да биде алатка за манипулација и генерирање содржини на лесен начин, туку треба да биде под силен етички надзор и човечка контрола.

Потребно е да се јакне и поддржува медиумската саморегулација заради транспарентност и доверба во медиумското информирање, а тоа да не се прави само со декларативни изјави.

Конечно, да се продолжи со инвестиции во едукацијата за градење на вештините за медиумска и дигитална писменост, за сите генерации. Само информиран и критички опремен граѓанин може вистински да се заштити од дезинформации и пропаганда.

Затоа, би рекла дека без систем што ги штити фактите, секоја демократија ќе биде ранлива на популизмот и дезинформациите. Медиумската слобода не е привилегија, таа е основа на секоја слободна мисла и прва линија за одбрана на вистината.

Марија Тодоровска / Преземено: НОВА ТВ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ