Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во понеделник ќе допатува во Македонија. Посетата на Туск е во рамките на негова регионална турнеја, која е посветена на состојбите со мигрантската и бегалската криза во регионот и има за цел примена на сеопфатното европско решение.
Како што информираат од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, тој планира да се сретне со Доналд Туск.
Според известувањето од Кабинетот, освен за актуелните состојби со мигрантската и бегалската криза, улогата на Македонија и состојбите во регионот, Иванов ќе го запознае Туск и со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот.
Веднаш по посетата на Туск, односно од 4 до 6 април, Иванов ќе престојува во Истанбул, каде што ќе се одржи 20-тиот Евроазиски економски самит.
Ова е трета посета на Туск на Република Македонија за две години. На последната средба, во март 2016 година, со Иванов тој дискутираше за напорите за постигнување на заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза.