• Latest

Укинати казните за „Трезор“, руската пропаганда на Балканот е загрижувачка, 23 години ЦИВИЛ

November 25, 2022

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Укинати казните за „Трезор“, руската пропаганда на Балканот е загрижувачка, 23 години ЦИВИЛ

November 25, 2022 16:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Апелација ги укина затворските казни на Мијалков, Грујевски, Јакимовски за „Трезор“

Апелационен суд ја укина првостепената пресуда за случајот „Трезор“, во кој еден од осудените беше поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој од Кривичниот суд беше осуден на 8-годишна казна затвор. Со одлуката се укинуваат и казните на бегалецот Горан Грујевски, кој беше поранешен началник на Петтата управа во МВР и на поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, како и на поранешниот помошник министер во МВР, Небојша Стајковиќ.

Грујевски беше осуден на казна од 15 години, Јакимовски на 5 години, а Стајковиќ на казна затвор од 5 години.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Астрит Истрефи- Балкан Форум: Руската пропаганда на Балканот е загрижувачка

„Од големо значење за нас се медиумите со особен фокус на дезинформациите како и пропагандата кои зачестија во последно време особено по руската агресија врз Украина, а постојат и многу докази дека овие зачестени напади не доаѓаат само од Русија туку и локално, особено во земји чии лидери не спаѓаат во групата на прогресивни политичари, туку сакаат да промовираат војна, конфликти во Западен Балкан против кои се бориме постојано“, изјави Астрит Истрефи од Балкан Форум за ЦИВИЛ Медиа.

https://www.youtube.com/watch?v=NH6xyXB7aaE

ЕДИТОРИЈАЛ

23 години ЦИВИЛ: Борбата продолжува!

од Џабир Дерала

„Искрено, посветено и бескомпромисно, веќе 23 години се залагаме за човековите права и слободи, за хуманизмот, за прогресивно и демократско општество во кое се почитуваат различностите и во кое нема место за дискриминација, манипулации и насилство по било која основа. Нашите вредности и определби ги градиме и ги браниме без калкулации и без компромис. По цена на нашето здравје и безбедност, ние секој ден стоиме исправени пред најголемите предизвици за општеството.“

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Агресијата на Русија се коси со сите три принципи на меѓународната политика

За да разбереме зошто дојде до конфликтот мора да разгледаме три различни, но сепак поврзани концепти на кои се темели меѓународната политика – суверенитет, територијален интегритет и политичка независност.

Експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пристигнаа во сите нуклеарни централи на Украина со цел да му дадат поддршка и помош на персоналот,  изјави генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси во видео порака објавена на Твитер, пренесува Укринформ.

Дали е вистина дека руската делегација беше добредојдена на самитот на Г20 што се одржа во Бали, Индонезија на 15-16 ноември, на кој беше пречекана со транспарент на кој се прикажани окупираните територии на Украина како дел од Русија?

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

СТРУЈА АД ЕСМ на 24.11.2022 година произведе 10.265 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 7.462 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.803 MWh.

АДМИНИСТРАЦИЈА Не се остварија стравувањата на синдикалците за евентуална работа од дома претстојнава зима, поради енергетската и економската криза. Од Владата за ваквата идеја информираа на почетокот на октомври, во рамки на Планот за фискална консолидација.

ЗЕЛЕНА ЦАРИНА Царинењето веќе се врши во целосна бесхартиена околина, и притоа завршува автоматски за еден час, со т.н. зелена царинска декларација – објави директорката на Царинската управа, Славица Кутиров.

AL -PRESS 

Редакциски избор од албанските медиуми:

Политичкиот карактер на правописот, жените во албанската влада, ориентализмот и албанскиот идентитет.

ЦИВИЛ

Скендери од „Ромалитико“: Балансерот ја нанесе најголемата штета првенствено за ромската заедница

Се уште стоиме на 0,3% за разлика од останатите заедници. Ромите се уште се презастапени во јавните комунални претпријатија. Значи во јавните комунални претпријатија имате најмногу Роми, но кога зборуваме за државните органи, за јавната администрација, тогаш најмалку се застапени Ромите, изјави Суад Скендери од „Ромалитико“ на панелот на ЦИВИЛ „На чија услуга е балансерот“.

Асани: Во Општина Чаир балансерот не се злоупотребува

“Можам да кажам дека Чаир е една општина каде не се злоупотребува балансерот и токму Општина Чаир треба да се земе како пример за тоа како балансерот треба да функционира“, изјави претседателот на совет на општина Совет, Јетмир Асани на панелот на ЦИВИЛ „На чија услуга е балансерот“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Демократијата во функционирањето на државата заснована пред сѐ на демократски донесените закони и нивно законско спроведување зависи од играчите на политичката сцена. Со идеолошките постулати врз кои треба да лежат програмите и делувањата на политичките партии – раскрстивме.“, Војо Маневски во колумната „Развејување“.

Д. Тахири

Tags: „Трезор“Војна во УкраинаДневникпропагандаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ