• Latest

Улогата на првиот вицепремиер е замена за премиерот, внатрепартиски тензии во ДУИ, реизборот на Џафери одложен, Муарем и Максути за национализмот и зелените вредности…

August 20, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Улогата на првиот вицепремиер е замена за премиерот, внатрепартиски тензии во ДУИ, реизборот на Џафери одложен, Муарем и Максути за национализмот и зелените вредности…

August 20, 2020 16:48
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Нема врзани потписи во Влада, Заев ја објасни улогата на првиот вицепремиер

Не се точни информациите дека одлуките ќе се носат со врзани потписи на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Артан Груби. Лично Заев ги демантира и гласините дека за таа цел би се гласале и законски измени. Претседателот на СДСМ и мандатарот за формирање на новата Влада, прецизира дека улогата на првиот вицепремиер ќе биде само да го замени премиерот на состаноци на владата кога тој ќе биде отсутен, или да причека на прием делегација во слични ситуации.

„Се знае дека премиерот потпишува, нема никакви врзани потписи. Секако во идната влада планирам да имам четири вицепремиери, од кои тројца на предлог на СДСМ и еден од ДУИ, кој ќе биде именуван за прв вицепремиер“, изјави Заев.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

ЦИВИЛ организираше серија панел дискусии и други онлајн настани со заеднички наслов „Национализам“ на 18 и 19 август. Настаните, во најголем дел, се пренесуваа во живо на Фејсбук страницата на организацијата, а повеќе содржини беа и ќе бидат објавени на медиумската платформа на организацијата. Настаните се дел од најновата акција на ЦИВИЛ „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“. Настаните се совпаднаа со успешното завршување на меѓупартиските преговори за формирање влада.

Рамуш Муарем – Цирко во разговор за ЦИВИЛ Медиа вели дека национализмот за жал повторно се повампирува. Тој вели дека „мајтапењето“ со техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој се обрати на ромски јазик по повод денот на Ромите 8 април, всушност е класичен национализам со тоа што се исмејува и понижува ромскиот јазик и ромскиот народ.

Мерита Максути, активистката за животна средина, зборуваше за свесноста и пристапот на општеството и власта кон зелените вредности. Интервјуто е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел. Според неа зелените вредности се малку застапени и се зборува за нив бидејќи луѓето не го разбираат како концепт, сет од вредности.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Внатрепартиски тензии: Ограноците на ДУИ во Чаир и Сарај незадоволни од именувањата на Груби и Османи во новата влада. За оваа одлука се побуниле Изет Меџити и Арбен Зибери, по барање на нивните членови.

Голема раздвиженост на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, кои денеска се очекуваше да присуствуваа на седница за реизбор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Неофицијално се дознава дека денеска пратениците ви Собрание биле повикани за да се потпишат на предлогот за избор на Џафери, а седницата ќе се одржи утре.

Владата ја донесе одлуката како ќе се одвива наставата во учебната 2020/2021 година, а се очекува да биде одреден и нејзиниот почеток што зависи од функционирањето на Собранието

СДСМ бара оставка од Христијан Мицкоски, сметајќи дека треба да го оствари ветувањето дека ќе поднесе оставка доколку ги изгуби изборите или доколку не направи Влада.

СЛОБОДНА ЗОНА

Не грижете се доколку детето не ви учи добро или не покажува посебен интерес за ништо. Доколку ги изговара брзо и без размислување зборовите: сакам, знам, можам и не сум крив, сè е в ред. Го чека сигурна и светла иднина, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Сакам, знам, можам, не сум крив“.

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ