„Национализмот, се повеќе и повеќе зема замав во светот и за жал ние не сме исклучок. Сведоци сме на сè повеќе нетолеранција на етничка основа, се враќаат некои стари реторики познати од времето на фaшизмот, промовирање на ликови од историјата кои го поддржуваа фашизмот. Тука нема компромис и мора од корен да се пресечат. Ние живееме во една мулти етничка држава и вакви националистички реторики мора најстрого да се казнат зошто штетата може да биде фатална. Уметноста и уметниците не смеат да бидат само неми набљудувачи на вакви девијантни појави во општеството и мора да го кренат својот глас. Тие треба да бидат дел од прогресивноста, дел од општеството кое ќе го водат напред и ќе создаде општество кое ќе биде подеднакво добро за сите без нетрпеливост по било која основа“.
Зоран Кардула
Кардула: Граѓанинот треба да биде гласен, да биде дел од прогресивната борба за подобро општество
31 јули 2020