• Latest

Уставот, употребата на името и идентитетот најспорни точки

March 22, 2018
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Уставот, употребата на името и идентитетот најспорни точки

March 22, 2018 12:22
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Денешната посета на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Скопје, со директен лет од атинскиот до скопскиот аеродром е една од главните теми во грчките медиуми. Во утринските информативни емисии на грчките телевизии, новинари и пратеници од различни партии дебатираат за патувањето на Никос Коѕијас во македонската престолнина, јави дописникот на МИА од Атина.

Новинарите во Грција, акцентот го ставаат на фактот дека разговорите за името влегуваат во клучна фаза, со испратените предлози и од двете страни, но и на тоа дека по прв пат по пауза од над 10 години Коѕијас со директен лет, од Атина ќе пристигне во Скопје.

„Историска посета на Коѕијас на Скопје“ е насловот на текстот на грчката новинска агенција АНА-МПА, објавен неколку часа пред патувањето во Македонија на министерот за надворешни работи на Грција.

„Денеска попладне, министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и грчката делегација, придружувани од бројна новинарска екипа, заминуваат за Скопје во посета од историско значење, со прв директен лет по 12 години, по неодамнешното преименување на аердормот од „Александар Велики“ во „Меѓународен аеродром Скопје“, пишува грчката новинска агенција и додава дека вечер Коѕијас ќе има работна вечера со неговиот македонски колега, а утре маратонски средби и преговори со државниот врв и опозицијата.

„Коѕијас во ПЈРМ, прв директен лет Атина-Скопје“; „Попладнево Коѕијас во Скопје – утре клучни разговори за името“; „Коѕијас денес во Скопје за одново започнување на преговорите“; „Коѕијас слетува во Скопје – многу несогласувања и тешка клима во преговорите“; „Прв директен лет по 12 години“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.

Грчките новинари, како на телевизиите така и во електронските медиуми, ги споменуваат седумте точки од грчката нацрт спогодба, точки кои и самиот Коѕијас ги има јавно соопштено, а тоа се: името, употребата на името, јазикот, идентитетот, трговската употреба, акронимите и кратенките. Но, и анализираат во кои делови има поклопувања, а во кои разлики во позициите на двете страни.

Грчкото барање за промена на македонскиот устав, спектарот на употреба на новото име, но и идентитетот, според медиумите во Грција се точките за кои Скопје и Атина имаат различни ставови.

Судејќи според досегашните написи во грчките медиуми, како што јави дописникот на МИА од Атина, од петте предлози на медијаторот Нимиц, Горна Македонија, е името што го преферира Грција, но без превод, во еден слеан збор.

Секако, новинарите во Грција, не испуштаат да споменат дека и во самата грчка влада постојат различни ставови, со коалициониот партнер Панос Каменос, да не отстапува од неговата позиција против употребата на терминот Македонија во името.


извор: МИА

Tags: ГрцијаимеМакедонијарешениеспор
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ