По одбиениот приговор на Беса за избирачкото место 2901 во ОУ „Иднина“, Чаир, Управниот суд Скопје, донесе одлука за прегласување, прифаќајќи ја нивната жалба.
Во вториот круг локални избори во оваа избирачко место гласале 278 од вкупно 719 гласачи. Разликата меѓу кандидатите за градоначалници Зеќирија Ибрахими и Висар Ганиу беше 66 гласа предност за Ибрахими.
Според Изборниот законик, целата постапка се повторува од почеток во гласачко место кое е поништено и прегласувањето се врши 14 дена од денот на гласањето, односно на 12 ноември.
Ако од кои било причини повторно не се изврши избор на градоначалник, Државната изборна комисија ја известува Владата на Република Македонија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите. Владата ќе именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот во рок од 15 дена, а потоа го известува претседателот на Собранието, да распише нови избори за градоначалник за таа општина.