• Latest

Вартоломеј: Руската пропаганда премина во црковна, а ја шират Путин и патријархот Кирил

December 22, 2022
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Вартоломеј: Руската пропаганда премина во црковна, а ја шират Путин и патријархот Кирил

December 22, 2022 14:44
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Искривената православна вера (т.е. црковно кажано ереста) „стана основа на идеологијата на режимот на Путин“. Ова е главната теза на големиот програмски говор, произнесен од Вселенскиот (Константинополски) патријарх Вартоломеј (Архондонис), „првиот по чест“ јерарх во светското православие, пишува „Greek reporter“.

Тој ги произнесе овие силни зборови на конференцијата за меѓународна политика што се одржува минатата недела во Абу Даби, како платформа за презентирање на деталниот план за разрушување на глобалната структура на Руската православна црква, која е цврсто споена со режимот на Путин и се подготвува да ја сподели неговата историска судбина.

(Тоа е еден вид „Валдај“ клуб, возглавен од раководителот на Францускиот институт за меѓународни односи проф. Тиери де Монтбриал и обединител на авторитетни политиколози и дипломати од Истокот и Западот.)

Оваа година, конференцијата за меѓународна политика, организирана од истоимената фондација, беше целосно посветена на настаните во и околу Украина. А водачот на светското православие, кој поседува докторски степен од Минхенскиот и од Папскиот Григоријански универзитет, предложи своја анализа за причините за таа катастрофа, врз основа на црковната историја и канонското право.

Руската пропаганда премина во „свештена“ пропаганда

-Постсекуларизмот, кој ги замени капиталистичкиот материјализам и комунистичкиот атеизам, ги направи религиозната реторика и символите многу популарни во меѓународната политика. Но, спојувањето на овие символи со неоимперијализмот на Москва, остатоците од советската идеологија и паранојата на еден и единствен политички лидер создаде многу грозен, крвав хибрид, за прв пат Вартоломеј толку категорично со толку остри зборови го нарече взаемодејствието на Руската православна црква со режимот на Кремљ.

Тој вели дека  со избувнувањето на војната во 2022 година, особено откако руската пропаганда почна да ја превртува во „свештена“, се покажа дека, дури и во нашиот „просветен“ век, ереста може да доведе до масовни крвопролевања во безумен обид да се уништи една од најголемите европски држави – Украина.

Вселенскиот патријарх не го смета руското православие за ерес, бидејќи го признава неговиот „огромен интелектуален, духовен и уметнички придонес“ во христијанската традиција.

Според него, ерес е идеологијата на „рускиот свет“ (русский мир), која ја пропагираат патријархот Кирил (Гундјаев), Владимир Путин и нивните идеолошки слуги, кои цинично го користат „оживувачкото религиозно чувство на народот“, коешто го имаат претворено во политичка алатка за своите безумни цели. Без опитот на потопување во советскиот атеизам, кој го отсече народот на Русија од континуитетот на духовниот живот, од традицијата, идеологијата на „рускиот свет“ не би можела да ги зароби умовите на Русите.

Таа идеологија според него е постмодерно нео-православие кое како во едно шише ги слеало само надворешните атрибути на предреволуционерното царско православие, густината на советскиот атеизам и психичката траума, која останала по распадот на СССР. Од времето на монголско – татарската инвазија, која ги постави темелите на московскиот империјализам, територијата на современата Украина се потопи во вековен процес на прераспределба меѓу моќните соседи.

„Оваа дијалектика на создавање и уништување ја објаснува појавата на посебен украински идентитет“, вели патријархот Вартоломеј. „Во текот на вековите населението на Украина било подложено на последователни туѓи доминации: руска, полјачка, монголска, литванска или австриска. 20 век беше особено тежок за Украинците. Тие го преживеаја големиот сталинистички глад (Гладомора) и се најдоа во епицентарот на вооружената конфронтација меѓу Советскиот Сојуз и нацистичка Германија. Таквото тешко историско искуство „ја објаснува желбата на Украина да се издвои од руската целина и да се сврзе со Европа и нејзините вредности.“ Вартоломеј не го сведува „украинството“ само на специфика на политичката историја на Украина.

Руската религиозна идеологија за претвора во секташка

Патријархот ги гледа неговите подлабоки корени во религиозниот развиток на Украинците, кој, веќе од 14 век, се движи по сосема поинаков вектор од оној на Москва. Како Константинополски патријарх тој сведочи дека украинското православие се развива токму во рамките на византиската, „вселенска“ парадигма, додека московското православие се изолира, а руската религиозна идеологија се претвора во секташка.

Средновековниот концепт на „Москва – третиот Рим“ станува основа за агресивното спротивставување на Московија – Русија кон останатиот свет, „лежејќи во злото“ и „месијанските“ стремежи на Московја да го „ослободи“ целиот тој свет, т.е. да го вклучи во нејзината замислена светска империја. Патријархот направи тривијална паралела помеѓу „месијанството“ на Москва и „идеите на германскиот национализам“ кои созреале во 19 век и отвориле врати во ΄30.

Пред речиси 200 години, државната црква на Руската империја започна да го цепи православниот Исток, откинувајќи ги од Вселенската патријаршија словенските цркви организирани по етнички принцип (главно бугарски). Доктрината за етничкиот принцип на црковно организирање е осудена во 1872 година од соборот во Константинопол како ерес на етнофилетизмот („форма на црковен расизам“, како што објаснува Вартоломеј). После тоа, Црквата на Руската империја наводно официјално се согласи со оваа осуда, но си продолжи со политиката.

Уште во советската епоха, кога раководството на КГБ им даваше задачи на своите агенти во расо, испратени вон границите, под закрила на Руската православна црква, постојано се нагласуваше неопходноста од „поткопување на непријателското влијание на Константинополскиот патријарх“.

Русите го нарекоа Вартоломеј сатанист

Коментирајќи го говорот на Вартоломеј на неговото излагање на 13 декември, главниот пропагандист на Кремљ, Владимир Соловјов, ја продолжи таа линија, нарекувајќи го Вселенскиот патријарх „американски мелез“ и „сатанист“ на својот вообичаен начин.

Од своја страна, патријархот Вартоломеј ја постави Руската православна црква за одговорна за мотивирањето и потурнувањето на режимот на Путин кон почеток на новата светска војна, коментира весникот.

Според нив во денешно време, старата ерес на етнофилетизмот во Руската православна црква е доведена до фаза на „етнотрибализам“ – доктрина за супериорност („посебна мисија“) на еден посебен народ над сите останати Идеологијата на „Рускиот свет“, призна патријархот, „е инструмент за легитимирање на рускиот експанзионизам и основа на неговата стратегија. Очигледна е врската со минатото на етнофилетизмот и сегашноста на „Рускиот свет“. Така верата станува основа на идеологијата на крвавиот режим на Путин“.

Очигледно, патријархот Кирил е поткрепуван само од своите потчинети структури во Руската федерација и Белорусија, но дури и украинските епархии лојални на Руската православна црква се оградија од неговата позиција.

„Руската црква ги користи средствата на државата за да го воспостави своето влијание врз канонската територија на другите цркви, и покрај најелементарните правила за црковната организација на православието.

Станува збор за создавањето на „Африканската егзархија“ на страна на Руската православна црква и привлекувањето на африканско свештенство од Александриската патријаршија во неа, и покрај фактот што, Александриската црква е основана во 1 век од Христа од апостолот Марко и нејзината јурисдикција над африканските територии никогаш не била доведена во прашање во историјата на Христијанството. Карактеристично е што „егзархијата“ на Руската православна црква постигна максимален успех во африканските земји, каде што приватната руска армија „Вагнер“ врши големо влијание…

Македонски свештеници му бакнуваат рака на Путин

Според аналитичарот Љубомир Костовски ова сценарио на руската пропаганда е долгорочно подготвувано и посочува дека уште минатата Нова година напишал текст за докмунетарен филм во кој македонски свештеници при посетата на Москва му бакнуваат рака на Путин.

-Документарецот не е класичен медиум но е сериозна пропаганда на црквата, бидејќи во името на православието се покажува конекција со рускиот претседател, а овој документарец беше прикажан во повеќе цркви во земјава на христијанскиот празник Бадник, појаснува Костовски.

според него преку овој фил всушност сака да се покаже колку македонскиот народ е приврзан кон рускиот.

 

Подготви: С.Танеска

Tags: ВартоломејМоскваПутинРуска православна цркваУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ