Самиот концепт „Едно општество за сите“ е само алатка како да се подобри состојбата и да се надминат поделеноста и исклучивоста во нашето општество….
Во оваа Влада, затоа што верува во овој концепт, меѓутоа и сакајќи да одговори на тие меѓународни обврски и констатирани состојби, решивме да ја направиме стратегијата и да го креираме концептот на едно општество за да ја подобриме ситуацијата. Секоја Влада, па и владата на ВМРО-ДПМНЕ е обврзана да ги подобрува.
Овој концепт треба да биде поддржан од сите, треба да е општествен и државен процес. Ние го издигнавме на ниво на висок владин приоритет и тоа беше препознаено од меѓународната заедница. Не случајно и ЕУ амбасадорот Самуил Жбогар и високиот комесар Зание ни дојдоа, значи тоа е висока афирмација на нашиот напор и тоа не е партиска политика. Сакам да кажам дека тој е обврзувачки и ќе биде обврзувачки и за другата партија, ако евентуално ја освои власта, затоа што е добра алатка како да се подобрат односите. Во нивно време малку се работело заради тоа што се немало политичка волја и затоа што тие терале еден наратив што е негативно оценет или неприфатлив во современите политички процеси, домашни, но особено меѓународни.
Роберт Алаѓозовски во интервјуто за иницијативата „Обединети во различноста“: Негувањето на меѓуетничките односи нема алтернатива
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.