• Latest

Вистинските мотиви на #МицкоТакис

July 8, 2018
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Вистинските мотиви на #МицкоТакис

July 8, 2018 11:42
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Претстои жешко политичко лето во кое руските влијанија ќе се почувствуваат и во Грција и во Македонија. И во двете земји, радикалите и црквата работат во руски ритам против спогодбата меѓу двете земји. Со истите пароли, со истата омраза и со истата иконографија, само на различен јазик. Тие ги користат сите и највалканите средства за да стасаат до својата цел – враќање на претходната состојба и понатамошно дестабилизирање на Балканот. Таа дестабилизација оди преку осуетување на македонските интеграции, внатрешно разединување и радикализација по етно-верски линии. Во нивните скрипти со стратешки планови, Македонија не смее да стане пример за мултикултурно, демократско и просперитетно општество.

Пишува: Џабир Дерала

Македонија повторно мора да изоди пат со чекори од седум милји. Сега ѝ е потребна меѓународна поддршка повеќе од кога и да е. Евро-бирократите мора да им отстапат место на лидерите со визија и да ѝ овозможат на земјата да продолжи да ита со брзи чекори кон евро-атлантските структури. Неуспехот на Македонија на овој пат ќе биде тежок и срамен неуспех и за меѓународната заедница.

Барањата на Мицкоски и неговиот дел од ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на осудените за Собранието покажува многу нешта, но не и грижа за нив. Ни оддалеку. Проблемот на Мицкоски и неговите газди од Фамилијата е што осудените не се единствените виновници. Мицкоски бара амнестија, затоа што ги штити архитектите на нападот, кој беше само уште едно недело по долгото криминално владеење. А можеби и тој самиот е високо на листата организатори и налогодавачи? Несомнено, тоа е главниот мотив за неговото најново бламирање и дополнително разоткривање пред македонската јавност.

Ултра тврдиот став на Мицкоски против спогодбата со Грција некои го толкуваат и како љубомора. И има зошто да биде љубоморен. Неговата партија пропушти уште една историска шанса да се потпише на еден договор значаен во светски рамки. Затоа, застанува на сосема спротивната страна – една класично балканска позиција, слична на магарешкиот инает. Иако изгледа толку апсурдно и смешно, инаетот не смее да се исклучи од листата на причини. Но, главната причина секако лежи во руско-турската антизападна политика. Кога тој притисок би попуштил, оваа  политичка партија, и онака разединета, ќе мораше да заземе поинаков курс.

Радикалниот етно-национализам и шовинизам што го гледаме на улиците, медиумите под нивна контрола и на социјалните мрежи веќе одамна не може да го скрие силниот руски зачин. Извесно е дека во еден момент, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде принудена да направи маневар и (само божемно) ќе се откаже од мајка Русија и ќе се обиде да ја прикаже својата “борба” како изворно идеолошка, се разбира “патриотска”. Затоа и најгласните руски пиони доаѓаат од редовите на гротескни сателити на партијата. Тие ќе се откажат од проруските радикали додека трепнеш, како што се откажаа и од бандитите и убијците што го нападнаа Собранието на 27 април. Но, политичките и шпионско-мафијашките линкови ќе останат, бидејќи се длабоки и нераскинливи.

Мицкоски и неговата партија ќе сторат сѐ што е во нивна моќ да го осуетат подобрувањето на изборниот систем и институциите поврзани со изборните процеси. Неговата партија со години го уништуваше изборниот систем, бидејќи со негово киднапирање, тоа стана еден од изворите на нивната моќ во државата. Сега ќе продолжат со тоа, за да можат да уценуваат. И тоа не го прават од љубов кон узурпаторот на претседателската функција, ниту го блокираат процесот на организирање референдум од патриотизам. Во прашање е калкулација. Разнишан систем и нефункционална изборна администрација им дава можност да приговараат против аномалиите кои сами ги создадоа. Истото се однесува на сите други процеси.

Затоа, оправдани беа предупредувањата дека средбите (и оние тајните) меѓу Заев и Мицкоски нема да донесат ништо добро и дека ВМРО-ДПМНЕ само купува време за да се консолидира и да продолжи со деструкцијата. Оваа лекција ја чини земјата веќе сега многу скапо, а повторување на грешката да се комуницира со Мицкоски надвор од институциите може да биде погубна по процесите. Особено затоа што зад него и неговиот пандан во Грција (#МицкоТакис) стои архинепријателот на западната демократија. СЈО, ОЈО, судовите и органите на државната безбедност имаат многу работа овие денови. Да се надеваме дека и работат.

 

 


Објавено во печатеното издание на „Слободен печат“ на 9 јули 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: #МицкоТакисГрцијаЗаевизборен системМицкоскинационализамрадикалиреферендумРусијаСпогодба
Share150Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ