• Latest

Власта ги повлекува измените на Законот за надворешни работи

December 21, 2020
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Власта ги повлекува измените на Законот за надворешни работи

December 21, 2020 08:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владејачкото мнозинство ќе ги повлече предлог измените на Законот за надворешни работи со кои се предвидува амбасадор освен македонско, да може да има и друго државјанство.

Во образложението за повлекувањето на предлог законот што го поднесоа пратеници на СДСМ, ДУИ и БЕСА, се вели дека власта нема да дозволи опозицијата да прави театар во Собранието, откако од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе го блокираат неговото донесување со поднесување 300 амандмани.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милшоски, кој е претседател на собраниската Комсиија за надворешна политика и поранешен шеф на дипломатијата, најавувајќи ја „амандманската блокада“, вчера оцени предложената измена е произволна и претставува обид законот да се прилагоди на неколку персонални решенија на владините партнери за пополнување на амбасадорски позиции. Смета дека измените се спротивни и на Законот за класифицирани информации според кој неопходен предуслов за кандидатот за амбасадор да добие „безбедносен сертификат со степен државна тајна” е да не е државјанин и на друга држава, а амбасадор без безбедносен сертификат не е амбасадор.

Како трета причина зошто опозицијата е против, наведе дека дипломатијата, како и безбедноста, е сензитивна професија каде лојалноста кон матичната држава Македонија не смее да биде доведена под знак прашалник.

Од СДСМ одговорија дека нема да дозволат некој да прави личен театар и да бие внатрепартиска битка во ВМРО-ДПМНЕ правејќи театар од Собранието и затоа решиле го повлечат предлогот.

– Нема да дозволиме политиканство, нема да дозволиме деструкцијата на ДПМНЕ и нивната внатрепартиска битка да ја закочи работата на Собранието, велат до СДСМ.

Од партијата посочуваат дека целта на законото требаше да биде да се дозволи кандидатите за амбасадори да имаат двојно државјанство, но да не можат да бидат амбасадори во земјата каде имаат второ државјанство.

Истото законско решение било ставено во процедура и во минатиот пратенички состав, но тогаш Милошоски немал никакви забелешки, ниту поднел амандмани.

– Тогаш беше истиот претседател на собраниската комисија. Сега, во контекст на другите политички случувања во неговата партија, само глумат наводен патриотизам. Очигледна е блокадата и деструкција на се што работи Собранието наместо јавно да ги искажат забелешките во конструктивен правец, велет од СДСМ.

Од СДСМ обвинија дека за време на мандатот ВМРО-ДПМНЕ испраќале амбасадори кои имале двојни државјанства што е спротивно на закон.

– Го правеле тоа со безобзирно прекршување на Законот за надворешни работи. За тоа многу добро знае претседателот на собраниската комисија за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од СДСМ.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка, поднесен од пратениците Арбер Адеми (ДУИ), Јован Митрески (СДСМ) и Кастриот Реџепи (БЕСА), според агендата објавена на собраниската веб страницата, требаше да биде разгледан на седница на Комисијата за надворешна политика најавена за вторник, а е ставен и на дневен ред на 26 пленарна седница на Собранието.

Со него се предлага измена во членот 36 на Законот за надворешни работи со кој се уредени условите и постапката за именување на амбасадори, а во кој е предвидено лицето кое треба да е именувано за амбасадор да биде државјанин само на Република Северна Македонија.

Адеми, Митрески и Реџепи сметаат дека овој услов го ограничува уставното право на секој граѓанин да учествува во вршењето на јавни функции. За предложена измена велат дека е во согласност со членот 2 од  Законот за државјанството на Република Македонија каде е неведено: „Државјанин на Република Македонија може да има и државјанство на друга држава. Државјанин на Република Македонија кој има државјанство на друга држава, во Република Македонија се смета исклучиво за државјанин на Република Македонија, ако со меѓународен договор не е поинаку определено“./МИА

Tags: амбасадорБесаВМРО-ДПМНЕДржавјанствоДУИЗакон за надворешни работиопозицијаСДСМСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ