• Latest

Велес сака „Напред!“, ЦИВИЛ и во Градско, Неготино и Кавадарци

February 24, 2016

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Велес сака „Напред!“, ЦИВИЛ и во Градско, Неготино и Кавадарци

February 24, 2016 13:46
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Мобилните тимови за изборен мониторинг и поддршка на регионалните центри на ЦИВИЛ – Центар за слобода само што ја завршија посетата на Велес, прва меѓу многуте претстојни посети на повеќе населени места во земјава како дел од  теренската реализација на проектот НАПРЕД!

На јавната презентација во центарот на Велес, граѓанките и граѓаните се информираа за активностите на проектот, чија цел е сеопфатно набљудување на изборите и придонес во создавањето на услови за нивно одржување. Тимовите на ЦИВИЛ делеа информативни материјали за мобилизација на идни набљудувачи од овој град и разговараа со граѓанките и граѓаните за гласачките права. Локалните медиуми покажаа особен интерес за активностите на ЦИВИЛ, така што пред штандот се одржа и прес конференција на која претставникот на ЦИВИЛ даде одговор на бројните прашања. ЦИВИЛ одржа и состанок со претставниците на граѓанското општество во Велес, на кој се разговараше за следните заеднички чекори со цел да се помогне процесот на создавање услови за слободни избори на 5 јуни.

12764634_911882168930253_4692853145021664642_oВеднаш по Велес, екипите на ЦИВИЛ се упатија кон Градско и Неготино, кај што попладнево ќе одржат презентации за граѓанките и граѓаните на овие општини, за подоцна да завршат со заедничка јавна презентација во Кавадарци.

ЦИВИЛ спроведува целосен, сеопфатен, непристрасен и објективен мониторинг на подготовката и на текот на целиот изборниот процес и на почитувањето на гласачкото право. Во тек се активности за селекција, ангажирање и едукација на долгорочни, краткорочни и граѓански набљудувачи на изборниот процес во Република Македонија. Проектот НАПРЕД! се спроведува на национално ниво во повеќе од 14 регионални центри на ЦИВИЛ, е еден од столбовите на годинешните набљудувачки активности на организацијата. Како и досега, заедно со граѓанките и граѓаните, преку повеќе проекти, акции, настани и содржини, ЦИВИЛ придонесува и ќе придонесува за создавање услови за слободни избори.

Проектот НАПРЕД! е поддржан со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Tags: ВелесГрадскоизбориКавадарциМакедонијанабљудувањеНапред!НеготиноЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ