Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во средата престојуваше во Велес. Меѓу другите активности од проектите „Општество без граници“ и „Граѓански објектив“ во Велес, во анкетата на ЦИВИЛ Медиа, граѓан(к)ите одговараа на прашањата за социјалната правда, за работничките права и за екологијата. Повеќето од анкетираните се незадоволни од состојбите со социјалните права во земјата.
„Јас не знам дали воопшто постои социјална правда во државава!“, „Социјална правда е да имаме сите за нормален живот – човечки!“, „Власта ги крши работничките права!“ се дел од одговорите на велешани.
[divide]
Анкетата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Цел на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.