„Ниту Претседателот Никола Груевски, ниту Сашо Мијалков немаат никаква поврзаност со приватизацијата на фабрики во Србија“, демантира ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата соопштуваат дека ниту претседателот Никола Груевски, ниту Сашо Мијалков извлекувале пари од Македонија за да купуваат фирми во Србија, а вината повторно ја наоѓаат во како што велат „медиумите под контрола на СДС“.
Во соопштението ДПМНЕ повторно го обвинува премиерот Заев и СДСМ дека „поради потребата да ја дефокусираат јавноста со секакви манипулации, без да ја проверат точноста на информациите пренесуваат интервјуа од соседни земји чија намена е внатреполитичка пресметка“.
“Изнесените наводи во интервјуто кое го пренесуваат порталите блиски до СДС се целосно неточни и најостро ги демантираме“, стои во демантот од партијата.
М.И.