Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирскиј објава на Фејсбук дека десет лица загинале во ракетниот напад на Русија врз Украина во средата, 23 ноември, пренесува Укринформ.
„Русија продолжува со масовни ракетни напади врз цивилното население на Украина. Денеска имаме три удари на станбени блокови. За жал, десет лица загинаа. Само во периодот од 10 октомври до 23 ноември, Русите извршија речиси 600 ракетни напади на наша територија “, напиша Монастирски.
Тој истакна дека Русија извршила планиран напад врз породилиште во регионот Запорижја, каде имало само родилки, бебиња и медицински персонал.
„Ова не е само воено злосторство. Русите намерно испратија ракети С-300 до местото каде што се раѓа животот. Новородено момче имаше само два дена кога Русите му го одзедоа животот“, рече Монастирски.
„Невозможно е да се замисли болката на мајката од загубата. Но, можно е да се разбере праведниот гнев што го чувствуваат сите Украинци. Сторителите ќе одговараат. Според законот и правдата“, рече министерот.
За време на нападот во средата, непријателот лансираше 67 крстосувачки ракети Kh-101/555 и Калибр врз цели низ Украина. Украинските одбранбени сили уништија 51 крстаречка ракета, како и пет беспилотни летала камикази „Лансет“.
Вчера, 23 ноември, руската армија уби двајца жители на регионот Донецк, а повреди уште тројца.
„На 23 ноември Русите убија двајца цивили во Бахмут, регионот Донецк. Уште три лица беа повредени во регионот“, објави на Телеграм Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Донецк.
Во моментов е невозможно да се утврди точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха, истакна тој.
Како што е соопштено, вооружените сили на Украина ги одбиле руските напади во близина на осум населени места во регионот Донецк во текот на изминатиот ден.
Подготви: Д. Мишев