• Latest

Во живо: Јавна дискусија “Плурализмот и политичката криза”

April 4, 2016

Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје

September 15, 2025

Дводневен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на MIRROR NOW

Старлинк на Маск не работи на целата фронтовска линија во Украина, интернет услугата претрпе глобален прекин

September 15, 2025
Фото: Фејсбук група „Стоп за Вардариште“

Стоп за Вардариште: Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци”, бараат трајно решение за депониите

September 15, 2025
Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

Манипулативна злоупотреба на поимот „хибридни напади“: Кога државата си измислува непријатели

September 15, 2025

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Во живо: Јавна дискусија “Плурализмот и политичката криза”

April 4, 2016 11:28
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Започнува јавната дискусија на тема: “Плурализмот и политичката криза”, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Присутни се претставници на дваесеттина партии, а настанот пробуди интерес и кај бројните присутни медиуми. Присутни се и претставници на дипломатскиот кор од словенечката, хрватската, италијанската, бугарската и холандската амбасада како и од ОБСЕ и од ОДИХР.

Претставникот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, го отвори настанот претставувајќи го соопштението на ЦИВИЛ, во контекст на политичката криза во државата.

DSC_0721“Не се создадени услови за одржување слободни избори на 5 јуни 2016 година. Ова е заклучокот на ЦИВИЛ – Центар за слобода чии мониторинг тимови и експертскиот тим во континуитет ги набљудуваат и анализираат состојбите во земјата веќе 15 месеци, поточно, од јануари 2015 година. Во изминатите 30 дена, по претходното одложување на терминот за избори, партиите на власт не само што не манифестираа политичка волја и не презедоа активности за да го спроведат Договорот за надминување на политичката криза, туку дополнително вложија енергија и јавни ресурси за да го осуетат неговото спроведување”, се вели во соопштението на ЦИВИЛ. “Партиите на власт не престанаа да се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста од сопствените злоупотреби и процесите во кои тие треба бидат земени на одговорност. Освен со медиумски манипулации, очигледна е заднината на ‘патриотските игри’, односно, засилување на меѓуетничките тензии, како во случајот со двоглавиот орел во општина Чаир и поставувањето на камен-темелникот во општина Бутел. Засега, обидите да се дивергира вниманието на јавноста и да се манипулира со етнички и верски теми остануваат неуспешни”, заврши Дерала.

Појдовна теза за денешната дискусија е – Договорот за надминување на политичката криза (Пржино, 2015) е само делумно имплементиран. Институциите кои се обврзани да овозможат слободни избори и за владеење на правото се соочуваат со политички и медиумски опструкции, како и со опструкции од други институции. Дали се можни избори на 5 јуни? Кои се ставовите и решенијата за надминување на политичката криза кои можат да ги понудат политичките партии кои не се вклучени во процесот од Пржино?

DSC_0744

Лилјана Поповска од ДОМ, ја посочи несериозноста на институциите во последниот период. “Тука мислам на ДИК, за која не знаеме дали листата на гласачи кој е доставена на проверка, е истата листа по која се гласаше на последните избори. Избирачкиот список не е прочистен, граѓаните не му веруваат на тој список, тоа значи дека услови за избори – нема. Предлогот на ДОМ е дека треба да се премести датумот предвиден за избори”.

DSC_0746

“За мене клучни се реформите на Прибе, од тоа, досега ништо не видовме. Наместо да се менуваат министрите како тоа го прави ДУИ, најдобро е да се променат лидерите на партиите, ако сакаме демократизација на партиите, внатре. Како партија, побаравме од ДИК да соопшти дали списокот на гласачи е прочистен. Очекуваме реформи, и поддршка од граѓаните за СЈО, бидејќи поддршката од партиите не е реална”, смета Павле Трајанов од ДС.

DSC_0758

Горан Мисовски од НСДП: “Трагично е ние денеска, во 21 век,  да дебатираме за правото на слободни избори. Ние, како пратеници, треба да одиме на собраниска седница, а не знаеме дали Собранието ќе се распушти во среда. Тоа е трагично, а заслужна за тоа е партијата на власт. Преку владините пропаганди се влијае врз гласачите. ‘Сваровски – судството’ и понатаму функционира. Тоа е јасно со одлуката на Уставниот суд”.

DSC_0770

“Премногу е доцна сега да се вклучат малите партии, тие требаше да бидат вклучени во Договорот од Пржино. Попис немаме, слободни медиуми немаме, прочистен Избирачки список немаме, одвојување на партијата од државата немаме… Одлагањето на изборите нема да помогне да се постигнат фер и демократски избори. Тоталитарната Влада не може да очекуваме да направи швајцарски избори. Треба да се направат специјални оделенија кои ќе ја решат оваа политичка криза”, истакна во своето обраќање Горан Милевски од ЛДП.

DSC_0777

“‘Од турското мало ќе ги влечеме за уши’, со оваа изјава сфативме колку вредиме ние за оваа власт. Во овој момент, никој не знае што ќе се случи во Македонија. Сите сме ние виновни за таа работа. Македонија нема иднина со национални партии, иднината е во идеолошките партии”, забележa Аднан Ќахил од ПДТМ.

DSC_0793

Влера Ејупи од ДПА (LRPDSH): “Ниту одблиску нема услови да се одржат избoри. Проблемот е во внесувањето на стравот и хаосот. Данте Алигери би бил љубоморен што не живее во наше време. Би можел да создаде ремек дела од хаосот. Влезени сме во невиден лавиринт на ужасот, и никако не одиме напред. Сите патишта ни се блокирани.”

DSC_0800

“ВМРО-ДПМНЕ фалсификува и лажира избори неколку изборни циклуси по ред. Медиумите помагаат во тој процес… Сметам дека сe уште не се исполнети услови за фер и демократски избори, но не би сакала да се одложат и ВМРО-ДПМНЕ деструктивно да владее”, заклучи Билјана Јовановска ПЕП 21.

DSC_0810

Ердоган Сарач од Движењето за национално единство на Турците – ДНЕТ: “Му благодарам на ЦИВИЛ, што еве, за првпат, не вклучи и нас Турците во оваа дебата. Македонија се однесува како држава само на Македонците и Албанците, а не е така. Потполно се согласувам со соопштението на ЦИВИЛ. Ништо не е променето од денот кога се одлучи изборите да бидат на 5-ти јуни. Наша цел е да владее правото, да се деполитизираат институциите и Македонија да биде правна држава. ДИК ме разочара затоа што не покажа дека има капацитет за кратко време да успее да го прочисти Избирачкиот список.”

DSC_0818

Јанко Бачев од НДМ: “Злоупотребите треба да се бараат на друго место. Гласачите од Пустец не се спорни, затоа што тие имаат македонско државјанство и се дел од Избирачкиот список и имаат право на глас. Најавата од Груевски и Заев дека сакаат слободни медиуми е лицемерна затоа што и двајцата си ја сакаат демократијата само за себе”.

DSC_0824

Никола Бабовски од Демократскиот сојуз на Власите: “ДИК да излезе и да каже што во моментов се случува со Избирачкиот список. Помалите партии пристап до медиумите имаат нула, а и ние сме даночни обврзници и барем од јавниот сервис треба да имаме еднаков третман. Во техничката влада, премиерот треба да доаѓа од граѓанскиот сектор, само така може да има промени.”

DSC_0836

Самка Ибраимовски ПЦЕР: “Во хаос не може да има избори. Мислев дека последната одлука на ДУИ да излезе од Владата, покажува одговорност и свесност на партијата, но сега е јасно дека се работи за игра, и враќање на довербата кај своето членство, со именување на нови непознати кадри”.

DSC_0854

“Малите партии кои се поврзани со четирите политички партии, во тие коалиции имаат најдено тврдина која ги заштитува, и крајно време е да се запрашаат колкава е нивната улога во политичката криза. Во коалициите тие го губат својот идентитет и идеологија”, смета Ламбе Арнаудов од ВМРО-НП.

DSC_0866

Бејтула Демири од Движењето „Беса“: „Македонската држава има чотреба од редефинирање… Скопје е местото каде што се одвиваат политичите настани, сешто е надвор од Скопје, нема перспектива“

DSC_0822

“Не може да имаме избори на 5-ти јуни се додека не се решат круцијалните проблеми, а тоа е Избирачкиот список. Малите партии не беа дел од Договорот на Пржино… Се се остави само на четирите големи партии”, смета Весел Мемеди од НДП (RDK).

 

12928370_940556626062807_3548776061720464620_n

Фатон Алити од ПДП: “Никако не можеме да зборуваме за минимални услови за избори. Потребен е Закон за медиуми, но тој закон нема како со магично стапче да го реши тој проблем. Треба свест и кај новинарите, уредниците… Тука е и Извештајот на Прибе кој воопшто не е имплементиран. Ако направиме збир на се ова, доаѓаме до заклучок дека за времето кое е останато нема да се создадат услови за избори на 5-ти јуни. Предлогот за експертска Влада е добар, но таа влада не може предолго да владее,  затоа што ни следуваат и локални избори.”

DSC_0883

“Следните избори или ќе ја вратат демократијата или ќе бидат вовед во диктатура во Македонија. Левица одбива да учествува на избори кои ќе доведат до диктатура. Процесот од Пржино нуди само лимитиран процес за враќање на демократијата. Голем дел од процесите договорени во Пржино не се ни започнати. Потребна е експертска влада која ќе обезбеди услови за демократски избори. Медиумите кои не се сметаат себеси дека се под капата на власта, тие треба да се пример и да покажат дека се посветени во овој важен момент за демократијата во Македонија”, посочи Здравко Савески од Левица.

12924566_940565062728630_6872323157582542519_n

 

“Груевски парадира како Господ, министрите му реферираат како средношколци со купени дипломи, а и за жал, такви се и повеќето министри во таа Влада. Тоа значи дека одвојувањето на партијата од државата, како услов за фер и демократски избори, не е исполнет. Треба да им дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ да покажат колку се јаки и да излезат сами на избори. Не сум за избори во јуни, најрано во март следната година“, заклучи Сафет Бишевац од Иницијатива за формирање на бошначка партија.

DSC_0801

 

Настанот е во рамките на проектот Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКдискусијаизбориМедиумипартииплурализамполитичка кризасоопштениеЦивил – Центар за слобода
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ