• Latest

Војна, пропаганда и неказнивост: Украинската амбасадорка Лариса Дир за руската агресија, цивилните жртви и цената на лагите

April 11, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Војна, пропаганда и неказнивост: Украинската амбасадорка Лариса Дир за руската агресија, цивилните жртви и цената на лагите

April 11, 2026 18:14
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во ексклузивно интервју за ЦИВИЛ Медиа, Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, дава јасна и недвосмислена оценка за глобалната безбедносна состојба обликувана од руската војна против Украина и длабоката соработка на Кремљ со Иран.

Од употребата на илјадници ирански дронови врз украинските градови до координираните обиди за дестабилизација што се протегаат од Европа до Блискиот Исток, таа ја опишува реалноста во која агресијата, пропагандата и неказнивоста функционираат како единствен систем.

Одговарајќи на прашања за можностите за прекин на огнот, меѓународната правда, културната дипломатија и ширењето на руските дезинформации, амбасадорката Дир е децидна: без одговорност и силен меѓународен притисок – нема одржлив мир.

Нејзината порака е јасна: не станува збор само за опстанокот на Украина, туку за пошироката борба за одбрана на меѓународното право, демократските вредности и глобалната стабилност.

ЦИВИЛ Медиа: Како влијае заострувањето на ситуацијата околу Иран и на Блискиот Исток врз војната што ја води рускиот агресор против Украина? Која е официјалната позиција на Вашата земја?

Амб. Лариса Дир: Ние, како држава, ја следиме безбедносната ситуација на Блискиот Исток. Украинската позиција е јасна – ние секогаш сме се залагале и се залагаме за почитување на нормите на меѓународното право и принципите на Повелбата на ООН. Сметаме дека одговорноста за ескалацијата лежи врз режимот во Техеран, и токму политиката на оваа држава е клучен фактор на нестабилност на Блискиот Исток и пошироко.

Важно е да се потсети дека Иран е директен соучесник во руската агресија против Украина. Тој ја обезбеди Русија со илјадници „шахеди“, технологии и друго вооружување, кои убиваат Украинци и ги уништуваат нашите градови. Вкупно, од 2022 година, Русија употреби повеќе од 57 илјади ирански дронови против Украина.

Од своја страна, Русија сподели со Иран свои сателитски разузнавачки податоци за енергетскиот систем на Израел – вкупно околу 50–53 објекти. Тие му помагаат на Иран да изведува напади. РФ споделува искуство во користењето на дронови, а исто така, како што истакна Претседателот на Украина Володимир Зеленски, ѝ испорачувала на Иран „шахеди“ од руско производство. Ова овозможува да се констатира дека режимите во Техеран и Москва дејствуваат заеднички и ја поткопуваат европската и глобалната безбедност.

Во таа насока, сакам да напоменам дека, на пример, по резултатите од посетите на Претседателот на Украина Володимир Зеленски, Украина склучи соодветен договор со Државата Катар за заеднички проекти во одбранбената индустрија и создавање на заедничко производство. Имаме договори со Саудиска Арабија, кои поставуваат основа за понатамошни договори и технолошка соработка.

Украинците веќе петта година по ред се борат против исти такви терористички напади со балистички ракети и дронови, какви што сега иранскиот режим ги изведува врз Блискиот Исток и регионот на Заливот.

Се планираат преговори и склучување на соодветни безбедносни договори со Оман, Кувајт и Бахреин.

Ние сме подготвени да ја споделиме нашата експертиза и знаење за да не победат тиранијата и авторитарните режими над светот на демократијата.

ЦИВИЛ Медиа: Дали Украина е подготвена за прекин на огнот?

Амб. Лариса Дир: Украина е подготвена за прекин на огнот и тоа повеќепати го има изјавено, но Кремљ ги отфрли сите предлози. Сакам да нагласам дека Претседателот на Украина Володимир Зеленски на 8 април изјави за подготвеноста на Украина за прекин на огнот – под услов и Русија да го направи истиот чекор.

Украина продолжува со секојдневно барање решенија, соработка со американските партнери и развивање нови идеи кои можат да го приближат завршувањето на војната. Имаме конструктивни предлози за тоа како да се реши најтешкото прашање во мировниот процес. Но најпрво Москва треба да престане да издава смртоносни наредби. Така, само во периодот од 30 март до 6 април Русија употреби против Украина повеќе од 2.800 ударни беспилотни летала, како и речиси 1.350 наведувани авионски бомби и повеќе од 40 ракети од различни типови. Во таа недела, како резултат на непријателските напади врз Украина, загинаа најмалку 45 цивилни лица, а околу 260 беа повредени. Петта година по ред Русите нанесуваат разорни смртоносни удари, уништувајќи цели семејства. Само еден пример, руска ракета уби мајка и дете заспани во својот кревет.

Исто така е показателно дека во ноќта на 24 март, кога украинските преговарачи се вратија од САД во Украина, Русија изврши масовен ракетно-дронски напад врз Украина.

На тој начин, не постигнувајќи ги своите цели на бојното поле, Русија се обидува да се „реваншира“ со напади што имаат цел да го дестабилизираат и заплашат општеството преку убиства на цивили.

Кремљ повеќепати одбиваше прекин на огнот и режим на примирје, настојувајќи да ја искористи ситуацијата на бојното поле и воздушните напади врз украинските цивили за зајакнување на своите преговарачки позиции.

Нашата порака е следна – режимот на прекин на огнот овозможува да се зачуваат животите на војниците и цивилите, да се запре уништувањето и да се премине кон конструктивни преговори.

ЦИВИЛ Медиа: Украина повикува на одговорност на РФ пред меѓународната правда. Како се одвива тој процес?

Амб. Лариса Дир: На 24 февруари 2022 година руските агресори навлегоа во Украина со цел да ги уништат Украинците. Како што ви е познато, на 2 април 2026 година се одбележа четвртата годишнина од ослободувањето на Кијивската област од руската окупација. Вооружените Сили на Украина ја ослободија Кијивската област, и оттогаш станаа познати злосторствата на руската армија. Апсолутната неадекватност на дејствувањето на агресорот целосно го поништи напредокот во областа на човековите права, моралот и мирниот живот, воспоставени по Втората светска војна.

По деокупацијата на Кијивската област, меѓународната заедница за првпат доби директен пристап до докази за масовни убиства, тортура и други форми на насилство од страна на руската армија врз цивилното население. Се покажа дека токму така изгледа „русскиј мир“. И токму овој „русскиј мир“ кремаљската пропаганда во моментов го крие од јавноста на привремено окупираните територии.

Главниот проблем е што руските злосторници сè уште не се казнети. РФ не сака да ја запре војната сè додека постојат две нешта. Првото е нафтата, која ја потхранува војната – затоа се критично важни строги санкции, пред сè против рускиот енергетски сектор. Второто е неказнивоста, која треба да се прекине преку што поскоро воспоставување на Специјалниот Меѓународен Трибунал за казнување на виновните за кривичното дело агресија.

Позицијата на секоја држава во однос на кривичното дело агресија е важна. Пред сè, ова се однесува на Повелбата на ООН. Затоа е важно и Република Северна Македонија, која од самиот почеток го поддржа создавањето на Специјалниот Трибунал за кривичното дело агресија против Украина, што поскоро да се приклучи кон Проширениот Делумен Договор за Специјалниот Трибунал, како што тоа веќе го направија низа држави, и да ги поддржи напорите за повикување на виновните на одговорност.

Со цел да се намали ризикот од нова агресија, нова инвазија, нови такви злосторства – мора да функционира механизмот на одговорност – тоа не претставува новина во меѓународното право. Соодветно на тоа, веќе се ослободува енергија за имплементација на механизмот на одговорност, а не за негово почетно проучување.

ЦИВИЛ Медиа: Венецијанското биенале дозволи руско учество. Кој е Вашиот став за оваа постапка на организаторите на овој меѓународен културен настан?

Амб. Лариса Дир: Русија целенасочено го уништува украинското културно наследство: илјадници објекти се оштетени или уништени, десетици илјади артефакти се украдени, а вкупните загуби се проценуваат на повеќе од 31 милијарда долари.

Само на 24 март 2026 година РФ изврши целенасочен напад со ударни беспилотни летала врз централниот дел на Лвив, што доведе до оштетување на објекти од Светското наследство на УНЕСКО во рамките на ансамблот на историскиот центар на Лвив. Како последица од погодоците на дроновите во цивилната инфраструктура во центарот на Лвив, има повредени лица.

Овој напад не е само воено злосторство против цивилното население, туку и директен напад врз културниот код на човештвото, кој е под меѓународна заштита.

Венецијанското биенале не смее да се претвори во информативен простор за перење на руските воени злосторства. Во Русија културата и авторитарниот режим не се одвоени појави, тие се меѓусебно поврзани, бидејќи руската власт ја користи културата како средство за прикривање на своите секојдневни воени злосторства.

На 10 април 2026 година Претседателот на Украина Володимир Зеленски потпиша соодветен Указ, со кој се става во сила Одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за примена на санкции против пет културни дејци од РФ, кои ја оправдуваат руската агресија и шират пропаганда на меѓународни настани. Во истиот список се и руси кои ќе учествуваат на Венецијанското биенале од државата-агресор РФ.

Тоа значи дека учеството на РФ на Венецијанското биенале не е прашање на култура и уметност – туку е настојчив груб обид за легитимирање и ширење на пропагандата на „русскиј мир“.

И доколку не сакаме да дадеме платформа на агресорските гласници, кои на минорните тоналитети (In Minor Keys) на овогодишното Биенале можат да внесат бруталност на руската империјална експанзија, тогаш зачувувањето на изолацијата на РФ од меѓународните уметнички настани ќе биде најправилниот златен клуч.

ЦИВИЛ Медиа: Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани и Редакцијата при медиумската платформа на организацијата имаат дата база со илјадници записи и докази за руската воената пропаганда, дезинформации и лажни наративи кои се шират, како во овој регион, така и низ Европа и на глобално ниво. Кои се, според Вас, главните одлики на руската пропаганда?

Амб. Лариса Дир: Што се однесува до темата на руската пропаганда, таа, всушност, никогаш не се воздржувала од користење на невистинити информации, секогаш манипулирала со фактите, создавајќи свои руски „билини“ и испишувајќи ја својата „легендарна“ историја. И за да не ви затропа на врата рускиот поштар со приказна во духот на „русскиј мир“, потребно е јасно да се разликува зрното од плевата.

На пример, руската пропаганда шири наратив дека безбедносните гаранции за Украина можат да предизвикаат нова ескалација. Но суштината е дека токму безбедносните гаранции за Украина ќе бидат фактор на одвраќање за РФ, додека нивното отсуство само ќе го охрабри агресорот на нови агресивни дејствија. Украина е способна да ја победи Русија доколку има доволна и навремена поддршка од партнерите, цврста позиција на меѓународната заедница во одбрана на меѓународното право и решителни дејствија на сојузниците.

Толку рекламираниот модел на безбедност за Украина како „неутралност“, исто како и наративот за можноста за нормализација на односите со Русија преку економска соработка, се алогични. Ќе објаснам зошто: неврзаниот статус на Украина до 2014 година и де-факто неучеството во евроатлантскиот безбедносен формат ја условија руската агресија, а не ја спречија; исто така, претходните економски проекти со РФ не обезбедија глобална стабилност, туку беа искористени од РФ како средство за влијание и уцена. Да не зборувам за отсуството на гаранции за Украина кога таа се откажа од нуклеарното оружје, дел од кое беше предадено на РФ — на пример, денес Русија користи тогаш предадена стратешка авијација која нанесува смртоносни удари врз Украина.

Во крајна линија, сите постоечки руски наративи имаат една цел — да ја легитимираат агресијата и да ја ослабат поддршката за Украина. Но реалноста е поинаква: притисокот врз Русија и поддршката за Украина мора да продолжат, бидејќи тоа претставува придонес во одбраната на Европа и зачувувањето на мирот во Европа. И еден од ефикасните начини да се натера РФ да ја запре војната е да се зајакнат санкциите против неа и да се следи нивното почитување од страна на сите.

ЦИВИЛ МЕДИА | CC BY 4.0

Tags: пропагандаруска агресијаУкраинацивилни жртви
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ