• Latest

Воздржан оптимизам за решение пред средбата Заев – Ципрас

May 14, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Воздржан оптимизам за решение пред средбата Заев – Ципрас

May 14, 2018 14:04
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Воздржан оптимизам за можноста за решение во пресрет на средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија, изразува грчкиот алтернативен министер за надворешн работи, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Реал фм“.

– Направена е систематска работа, прашањата се стигнати до нивното јадро и сега е време да се разговараат на највисоко ниво. Имаме водржан оптимизам дека може да имаме договор, вели Катругалос и ги демантира информациите објавени во медиумите во Грција во текот на викендот, за одреден временски рок и преоден период за имплементација на договорот.

Тој вели дека договорот нема да наликува на Времената спогодба, ќе бде комплетен и нема да остава „опашки“, затоа што во спротивно нема да биде согласно со поставенте грчки предуслови.

– Може да има временски период за прашањата што не можат да се решат во моментот на потпишувањето, но во никој случај нема да биде Времена спогодба како претходно, објаснува Катругалос во интервјуто за грчкото радио.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, алтернативниот шеф на грчката дипломатија изрази убеденост дека договорот што владата ќе го донесе ќе биде национално корисен и ќе добие поддршка од парламентот.

Во однос на информациите за зголемено парламентарно мнозинство од 180 пратеници, Катругалос вели дека Уставот такво нешто предвидува само кога станува збор за отстапување на националниот суверенитет, а во конкретниот случај не постои такво нешто.

– Ние сакаме и не само што сакаме туку сме и сигурни дека ќе има пошироко парламентарно мнозинство со оглед на тоа дека ќе биде национално корисен договор. Нема никаква уставна причина за 180 гласа, објасни Катругалос.

Тој додаде дека ако опозицската Нова демократија не гласа за договорот, тоа ќе биде голема грешка за лидерот на партијата Кирјакос Мицотакис, бидејќи, како што рече, актуелната национална линија на Грција е истата што неговиот татко Константинос Мицотакис ја поставил, но и истата со онаа на Костас Караманлис. (МИА)

Tags: ГрцијаимеЈоргос КатругалосМакедонијаопштимизамрешениеСпогодба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ