• Latest

Вес Мичел во Скопје на разговори за името и за НАТО

March 13, 2018

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вес Мичел во Скопје на разговори за името и за НАТО

March 13, 2018 08:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел денеска пристигнува во Скопје, како втора дестинација во рамки на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Поддршка од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите кои земјата ги води со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на реформите за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и слободата на медумите, се пораките кои Мичел ќе ги пренесе на средбите со македонскиот државен врв.

Мичел во Скопје, како што веќе објави МИА, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Заев и Мичел по заедничката средба ќе дадат изјави за медиумите.

Премиерот Заев посетата на високиот претставник на Стејт департментот на Скопје ја оцени како потврда на пријателството, но и поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Македонија.

Заев вчера нагласи дека Мичел доаѓа во време кога Македонија сака да ја унапреди соработката со стратешките партнери.

– Една од главните стратешки цели на РМ е НАТО, а земјата е буквално на чекор од членството во Алијансата. Ова може да биде од огромна помош. Ќе разговараме за соработката на двете земји, но и за НАТО перспективите, ќе имаме поддршка и за нашата интеграција во ЕУ, бидејќи таа е стратешки партнер, рече Заев коментираќи ја посетата на Мичел.

Шефот на македонската дипломатија Димитров вчера најави дека прашањето за името ќе биде една од главните теми на средбата со Мичел.

– Мислам дека состанокот ќе тргне со тоа прашање. Тоа ќе биде прилика да го запознаеме со динамиката во процесот за надминување на разликата околу името, рече Димитров и додаде дека од македонска страна ќе биде поставено и прашањето за шансите Македонија годинава да стане дел од НАТО, за динамиката на одлуките на Самитот на Алијансата во јули оваа година, како и некои други прашања во контекст на перспективите на регионот.

За спорот за името се очекува да се разговара и на средбите што Мичел на 15 март во Атина ќе ги има со претставници на Владата на Грција. Според најавата од Стејт демартментот, Мичел со грчките власти ќе разговара и за продлабочување на односите меѓу САД и Грција, зајакнување на билатералата соработка, особено во областите на одбраната, енергетиката, трговијата и инвестициите.

Мичел вчера ја почна својата турнеја по земјите од Балканот со посетата на Приштина, а ќе трае до 17 март. Тој освен Приштина и Скопје ќе ги посети и Белград, Атина и Никозија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Вес МичелимеНАТОпосетаразговорирешениеСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ