• Latest

Граѓаните победија! За Казандол!

March 27, 2018

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Граѓаните победија! За Казандол!

March 27, 2018 17:55
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Владата еднострано го раскинува договорот со концесионерот на Казандол, објави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев.

– Владата на РМ е посветена целосно на економскиот раст и заштита на здравјето на граѓаните. Здравјето на граѓаните е над било кој приватен интерес и еколошката безбедност на државата. Оваа порака ја испраќаме до граѓаните на Валандово, Богданци, Дорајн, но и до сите жители на РМ. Денеска Владата донесе одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран врз основа на член 44 став три од Законот за концесија и јавно приватно партнерство. Со оваа одлука Договорот за концесија од 27.02.2015 година еднострано се раскинува од страна на државата бидејќи концесионерот не ја исполнил обврската од членот 13 остав 1 од Договорот за концесија, односно  во рок од две години од денот на доделување на концесијата  не изградил постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда, рече премиерот Заев.

Како што додаде предвидениот рок од две години од Договорот е суштинска состојба на Договорот бидејќи е даден и како услов во јавниот повик и тендерската документација и оти доколку не се раскине договорот и не се постапи законски Македонија може да биде тужена од други потенцијални концесионери кои би можеле да ја земат концесијата.

Одлуката влегува во сила наредниот ден по објавување во Службен весник.

– Со денот на влегување во сила на оваа одлука престанува да важи одлуката за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран на Друштвото за ескплоатација, преработка и производство „Сардич МЦ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, на локалитетот Казандол, рече Заев.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавата од концесионерот за барање оштета, рече дека правото на компанијата секако постои, но оти Владата ги разгледала сите аспекти и оти, како што рече нема што многу да се одлучува освен строго да се постапи според Законот за концесија.

– Се работи за суштествена повреда. Ваквите посебни услови се сериозно прекршување на Договорот и Македонија ако не го раскине договорот може да биде тужена од секој потенцијален концесионер, кој што би можел да ја земе концесијата.

ЦИВИЛ го следеше развојот на  оваа приказна како и референдумите кои се организираа низ општините врз кои најдиректно ќе влијаеше изградбата на овие рудници. Посветено информиравме за референдумите на нашите веб страни и носевме информации од лице место.

Е.К

Tags: ВаландовоДоговорКазандолМакедонијаПрекинатрудници
Share64TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ