• Latest

Заборавени од државата!

May 17, 2018
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заборавени од државата!

May 17, 2018 10:34
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во тетовско ромско маало, во центарот на градот, живеат околу 150 души од кои дури 90 се деца. Заборавени од институциите и државата тие живеат во субстандардни услови, без вода, канализација, струја… Екипата на ЦИВИЛ ги посети жителите на таа населба на третиот ден од Ѓурѓовден (Херделези) кога во маалото владееше празнична атмосфера.

Најголемиот дел од жителите во таа населба живеат во импровизирани куќички, без елементарни услови за живот. На секоја страна има расфрлено ѓубре, кал, вода од браздите… На само неколку метри од куќата во која живеат има штала каде што им живее коњот, од кој – како што велат  заработуваат за леб!

Меѓутоа и покрај тешкиот живот, тие наоѓаат начин како да преживеат и да се забавуваат. Додека бевме во маалото,  постојано свиреше музика и владееше весела атмосфера, во делот каде што еден дел од мажите поставиле трпези со храна и пјачки. Иако немаат пари, сепак, за празникот Хеределзи заклале јагне, за, како што велат, да ја зачуваат традиција на нивните предци…

Надреална глетка (за наша перцепција), валкани зидови на куќарките, уште повалкани луѓе како последица од недостаток на основни хигиенски услови, детска врева, понекој женски глас и свечена трпеза опседната со мажи, коишто се вознемирија од нашето присуство.

Во маалото нè пречека Медија Красниќи која има 5 деца, од кои само едно и оди во градинка. Останатите се малку поголеми но не одат на училиште. Таа вели дека се хранат со собирање на пластични шишиња, и додава дека нема електричен шпорет, нема машина за перење, нема купатило, нема канализација…  Вели дека на зима се греат со палење на кондури и пластика.

Медија е болна од астма, но иако има здравствена книшка вели дека здравствените услуги ги плаќа приватно.

„Џабе имам книшка, сега брзо бев на лекар и платив 1500 денари за една инфузија, не можев да дишам, бидејќи имам астма. Никој не ми помага, ниту социјалното, ниту општината не ни помага, дури и поплава кога нè фати никој не дојде да ни помогне. Немам пари ниту да купам апчиња, бидејќи социјалната помош доцни 2-3 месеци“, вели таа, додавајќи дека политичарите ги посетуваат само кога ги носат на гласање, а потоа ги забораваат.

Емине Мустафова вели дека има деца кои и без јадење спијат, и дека за тоа никој не мисли!

„Луѓето овде јадат од канти, од контејнери. Ако одат да просат ќе имаат за јадење, ако не одат на просење ќе седат дома без леб и без јадење. Немаме ниту канализација, од комуналец не доаѓаат да го соберат ѓубрето, седи тука по еден месец. Никој од државата не доаѓа да праша како живееме, доаѓаат само кога им требаме за гласање и толку. Да дојде некој од државата или општината да им помогне на овие луѓе што живеат тука. Нема никаква хигиена, децата фаќаат болести и инфекции“, вели Мустафова.

За време на поплавата, поради влагата и миризбата во една од куќите починало мало девојче.

„Во мојата куќа ми почина девојчето поради поплавата. Сега живеам под кирија кај девер ми и му плаќам 2000 денари месечено за две соби. И во таа куќа капе кога врне“, вели мајката на девојчето Наза Берати.

Наза зема околу 2300 денари социјална парична помош, но вели дека веќе неколку месеци не ја добила оваа помош, додавајќи „Немам пари ниту пелени да им купам на децата, на внуците“. Таа додава дека живеат и се хранат со собирање на железо и пластични шишиња. Облека за децата наоѓаат во кантите или од Црвен Крст. Нејзиниот сопруг кој е роден и живее во Тетово нема лична карта, бидејќи нема државјанство.

Дали некој од надлежните институции ќе ги посети и ќе им понуди помош на жителите од тоа маало? Дали ромските политички претставници навистина ќе се залагаат за подобар живот на Ромите? Има уште многу „дали“, но прашањето е дали и понатаму Ромите ќе бидат само гласачка машинерија којашто и понатаму ќе живее во маргините на општеството…

Новинар: Диана Тахири
Обработка на текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента

Tags: депонијаРомисиромаштијаТетовошишиња
Share18TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ