По вчерашниот собир во организација на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје, за денеска се најавени протести и во Прилеп, Куманово, Штип и Кичево, додека за утре е најавен протест и во Битола.
На вчерашниот протест, организаторите најавија дека протестите ќе се одржуваат секој ден, сé додека не се исполнат нивните барања – политичките партии да се обврзат дека ќе го почитуваат Уставот на Република Македонија, како и дека нема да работат на промена на името, иако ниту СДСМ, ниту партиите од албанскиот блок не најавија вакви чекори. Она што беше најавено како протест за заедничка Македонија, прерасна во марш со скандирање против етничките Албанци и соблазнувачки слогани за „гасни комори“ и за „чиста Македонија“!