• Latest
Заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф (Фото: Семуел Дебус)

Заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф, за руската пропаганда, медиумите и македонските ЕУ перспективи

December 15, 2022
Али Ахмети, Кичево, 23 јули 2026 (фото извор: веб страница на ДУИ)

ДУИ обвинува: ВЛЕН стана инструмент на ВМРО-ДПМНЕ и овозможува ширење на „српскиот свет“ во земјава

August 3, 2026
Businessman showing concept, connection,innovation development and artifacts too artificial intelligence ,AI , ideas and innovation ,Finding new solutions to solve business problems ,modern business

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК)

August 3, 2026
Запорижжја, 2-3 август 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ: Разорни бомби во Запорижжја, масовен украински одговор на руска територија и нови провокации кон НАТО

August 3, 2026

Европска комисија: Побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ист циркус, нови шатори

August 3, 2026

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 2, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Балон

August 2, 2026
РУСКИ ТЕРОР | Кијив, 1 август 2026 година (фото извор: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Најмалку девет загинати во нов крвав напад врз Кијив, зад Украина е недела на интензивни удари со ракети и дронови

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026
Илустрација: ChatGPT / OpenAI, по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА.

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и вклучи глобален аларм

July 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф, за руската пропаганда, медиумите и македонските ЕУ перспективи

Заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф, изрази оптимизам за шансите за брза интеграција на нашата земја во ЕУ, но истакна дека за тоа е потребно и многу работа и политичка волја. „Ние сме оптимисти и сум сигурен дека, ако постои волја, ова може да биде еден од навистина брзите пристапи во ЕУ, но нема да дојде само по себе, потребна е работа и тоа мора да се направи“ – изјави Ото Граф.

December 15, 2022 08:18
in ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф (Фото: Семуел Дебус)

Заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф (Фото: Семуел Дебус)

Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-амбасадорот и раководител на одделот за економија на Германската амбасада, Ото Граф, одговори на неколку прашања поврзани со дезинформациите и пропагандата, поддршката од Германската амбасада за граѓанското општество и медиумите, како и за перспективите на Северна Македонија и поддршката од Германија во тој процес.

Нашиот соговорник го прашавме за неговото мислење за медиумската состојба во земјата и како се пласираат руските пропагандни пораки.

„Во Северна Македонија е посебна ситуација. Постојат многу релативно мали медиумски единици, особено споредено со големината на земјата. Уште повеќе, луѓето не само што консумираат локални медиуми, туку преку интернетот што го добиваат, гледаат особено телевизиски канали од сите поранешни југословенски земји. Затоа, населението тука е изложено, колку на локалните медиуми, толку и на најразлични медиуми од соседните земји. Тоа значи дека мислењето или погледите за состојбите, не се обликуваат исклучиво од локалните медиуми, туку во голема мера од српските медиуми, кои се сметаат за многу забавни. Поради оваа причина, гледаме и српски, а индиректно и доста руски ставови во оваа земја“ – одговори Заменик амбасадорот, Ото Граф.

Германија ѝ пружа огромна поддршка на Северна Македонија во повеќе области, почнувајќи од економската, па сѐ до одбранбената. Од големо значење е и поддршката на демократските процеси, а во таа смисла и на граѓанското општество и медиумите.

„Ние, преку нашето министерство на надворешни работи, поддржуваме повеќе проекти за медиумски дијалог. Тука сме во делот на проектната работа, да ја поддржиме состојбата со медиумите во оваа земја. Како амбасада, секако сме во релативно постојан контакт со локалните медиуми, со новинарите во земјата и се обидуваме да ги нахраниме со информации кои им се потребни и да им помогнеме со конкретни прашања што би ги имале“ – рече нашиот соговорник, меѓу другото.

За македонските ЕУ перспективи, Заменик амбасадорот Ото Граф изјави дека нашата земја е на добар пат, но дека е потребно и да се вложи многу труд и политичка волја. Тој ја истакна и важноста на промената на Уставот, за тој процес да продолжи со уште поголема брзина.

„Сметам дека сега кога ја деблокиравме ситуацијата со Бугарија, Северна Македонија навистина е на пат да преговора за ЕУ членство. Очигледно, има неколку работи што мора да се направат. Големата работа ќе биде промената на уставот што беше дел од договорот, но сум многу убеден дека ќе се успее во оваа. Тука се и техничките прашања, што значи дека тука министерствата ќе мора да работат низ процесот на скрининг, да отворат повеќе поглавја, да ја обработат целата листа на задачи“ – посочи Заменик амбасадорот Ото Граф.

Во контекст на евроинтеграцискиот процес и реформите кои мора да се спроведат, Заменик амбасадорот Ото Граф, ја истакна важноста на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

„Секако, тука е и големото прашање, односно, владеењето на правото, борбата против корупцијата. А за ова, на крај, ќе биде потребна политичка волја за да се реши. И оваа волја не може да се генерира во Брисел, туку оваа волја мора да се генерира во Скопје, меѓу политичките партии. Значи, на крајот на денот, временската рамка е во рацете на македонската политика и клучот за влез во ЕУ е, исто така, во рацете на македонската влада“ – изјави германскиот дипломат.

Заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф, изрази оптимизам за шансите за брза интеграција на нашата земја во ЕУ, но истакна дека за тоа е потребно и многу работа и политичка волја.

„Ние сме оптимисти и сум сигурен дека, ако постои волја, ова може да биде еден од навистина брзите пристапи во ЕУ, но нема да дојде само по себе, потребна е работа и тоа мора да се направи“ – изјави Ото Граф.

Средбата и интервјуто со Заменик амбасадорот Граф се одржаа на 8 декември и се дел од проектот „Отпорно новинарство против дезинформациите и пропагандата“, што го спроведоа македонската организација Цивил во партнерство со Youth4Media од Германија, со поддршка од Владата на Северна Рајна-Вестфалија.

Разговорот го водеа: д-р Волфганг Ресман и Џабир Дерала
Камера и монтажа: Семуел Дебус
Транскрипт и превод: Наташа Цветковска
Обработка на текст: Биљана Јордановска


CIVIL MEDIA

Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: владеење на правотоГерманијаЕУКорупцијаМедиумируска пропагандаСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ