• Latest

Заробена партија

January 31, 2018

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026

Руски дрон погоди патнички воз во Одеската област: Убиени машиновозачот и неговиот помошник, 340 патници евакуирани

August 13, 2026
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Од 2001 до денес: Што остана од духот на Охридскиот рамковен договор

August 13, 2026

(ВИДЕО) Ова е руското наследство

August 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Заробена партија

January 31, 2018 12:17
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку знаат да се извлечат правилни поуки и заклучоци, поразите во животот често знаат да бидат поучни и корисни. Така е во спортот, така е во животот, па така е и во политиката. ВМРО-ДПМНЕ знаеше да извлече поуки и да се реорганизира после поразите во 1994 и 2002 година. И да му го понуди на македонскиот народ тоа што народот го бараше од партијата. Затоа и секогаш успеваше да се издигне повторно и повторно.

Пишува: Михаил Пановски

Дали е тоа случајот сега? После катастрофалниот пораз на локалните избори во октомври, луѓето кои ја имаат узурпирано комплетната партиска структура и партијата ја гледаат како своја дедовина, се обидуваат со чисто козметички промени да ја излажат македонската јавност, па дури меѓународната, дека во партијата се случуваат некакви реформи и партијата зафаќа нов проевропски курс.

ЛАГА која можат да ја голтнат само политички слепци. На политичката јавност и на македонскиот граѓанин кристално јасно му е дека лидер не се станува со најдиректно поставување од фамилијата, која е веќе премногу очигледно како ја има заробено партијата. Долговите што лидерот ги има си ги знае само тој, но очигледно е дека истите му ги составиле сите органи на партијата (Извршен Комитет, Централен комитет, разни советодавни тела, патриотски институт итн.). Посебна циркусијада за јавноста е манипулацијата за некакви си промени во партискиот статут и усогласување на истиот со статутите на европските партии. Очигледно, партијата трпи сѐ.

Во истиот контекст се и циркусантите кои себе се нарекуваат реформатори на ВМРО. Жално е тоа ВМРО, кога спадна на тоа – такви ликови да го реформираат. Од декларативна заложба за идеи, принципи, вредности и солидарност, тие реформите ги сфатија како можност да ги заземат фотелјите во кабинетите на белата палата (шампита). Разочарувајќи ги притоа и омаловажувајќи ги огромниот број на партиски членови од сите градови кои поверуваа на ваквите јавно  декларирани заложби. А можеби такви им биле задачите добиени од фамилијата што ни ја има заробено партијата уште во самиот почеток на реформите. Нејсе, тие си знаат самите најдобро. Сето претходно јасно го покажува патот по кој ќе се движи ВМРО во периодот што престои: конфликти во пратеничката група, конфликти во членството, непризнавање на наметнатиот лидер од најголемиот дел на членството. Значи, натамошно слабеење на партијата и нејзино претворање во Македонски пандан на ДПА на Тачи, т.е. тивко умирање после секој изборен циклус. Исто така, тоа значи осудување на македонскиот гласач да нема избор, односно алтернатива за катастрофалните политики на СДСМ. Сето ова треба да има трагични последици по развојот на демократските процеси во државата и вовед во нова заробена држава, овој пат од СДСМ.

П.С. Колку навистина стариот фирер не се меша во политиките на новото раководство, НАЈДОБРО знае преговарачот во спорот со името, нашиот Амбасадор во САД.

 


Авторот е партиски ветеран на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во првиот парламентарен состав на Република Македонија.

Tags: ВМРО-ДПМНЕГруевскиМицковскиреформатори
Share37TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ