Зоран Заев, како дел од активностите како дел од официјалната посета на СР Германија, а на покана на Фондацијата Фридрих Еберт (ФФЕ) во Берлин имаше свое обраќање на тема „Од предизвици до перспективи: Демократските реформи и Евро-Атлантска интеграција на Република Македонија“.
На дебатата учествуваа и Михаел Рот, државен министер за Европа во Министерството за надворешни работи на СР Германија, и Курт Бек, претседател на Фондацијата Фридрих Еберт.
Премиерот Заев во своето обраќање ги истакана четирите стоблови на кои се заснова системот на добро владеење по кој се водат новите перспективи што се отворија во Македонија.
„Нови перспективи создадоа систем на добро владеење кој се заснова на четири столба. Инклузивното управување е првиот столб, со силна определба да изградиме независни институции, владеење на правото еднакво за сите и да ги прошириме инклузивните и пристапни јавни услуги. Концептот „Едно општество за сите” е наш втор столб, како е граѓанско-базиран концепт за премостување на етничките поделби. Третиот столб на нашиот систем на добро управување е рамноправен раст, и четвртиот неопходен столб посветен на добрососедската политика“.
Гостите на трибината во Фондацијата Фридрих Еберт во Берлин посебно внимание посветија на делот на позитивен импулс за надминување на долготрајниот „спор за името“ со Република Грција.
Во завршницата на своето обраќање, премиерот Заев нагласи дека „граѓаните во целиот регион се надеваат на нова генерација трансформациони лидери кои можат да го негуваат одржливиот мир и стабилност, да развијат соработка и да им служат на економските интереси и благосостојба на нивните граѓани“.
Државниот министер задолжен за Европа во МНР на СР Германија Михаел Рот, ја афирмираше позицијата на поддршка на земјите од Западен Балкан во нивните аспирации за членство во ЕУ, и нагласи дека секоја земја треба да се проценува според индивидуалните достигнувања.
Претседателот на ФФЕ, Курт Бек, му честиташе на Заев за успесите во спроведувањето на владините политики досега, и зборуваше за неопходноста од рамнотежа меѓу левите и десните сили на Западен Балкан, и дека без разлика на политичките разлики, да преовлада надминувањето на поделбите и да се создаде амбиент во кој нациите се солидарни и си помагаат едни кон други.
Б.Ј.