Лидерството и реформски определената Влада ја донесе неусловената препорака и направи чекор повеќе на патот кон евро-атлантските интеграции, порача премиерот Зоран Заев на денешните средби со естонскиот и белгискиот колега, Јури Ратас и Шарл Мишел, што се одржаа непосредно пред почетокот на официјалниот работен ден на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија. Заев беше придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
На средбата со премиерот на Естонија Ратас, информираат од владината прес-служба, беше изразено задоволство од односите меѓу двете земји, и подготвеност да се создадат услови за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво за зајаканување на билатералните односи.
Премиерот Заев ги истакна искуствата на Естонија во однос на дигитализацијата на јавните услуги за граѓаните и изрази надеж дека Естонија ќе помогне овие искуства да се применат и во дигитализацијата на работата на јавната администрација во Македонија.
(МИА)