Ситуацијата е многу тешка во регионот на Доњецк – во тек се жестоки битки, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето видео обраќање до нацијата, пренесува Укринформ.
„Во регионот на Донецк е многу тешко – се водат жестоки битки. Но, колку и да е тешко и колку и да има притисок, мораме да го издржиме. Мораме да го искористиме, и го користиме секој ден и секоја недела за да ја зајакнеме нашата одбрана на фронтот, да ја зајакнеме нашата меѓународна позиција, да го зголемиме притисокот врз Русија и да му дадеме на нашиот народ нови можности да го преброди ова тешко време“, рече претседателот.
Тој истакна дека има многу информации дека окупаторите сакаат да направат нешто „симболично“ во февруари и да се обидат да им се одмаздат за минатогодишните порази.
„Го гледаме овој зголемен притисок во различни области на фронтот, како и притисок на полето на информации“, рече Зеленски.
Како што пренесува Укринформ, окупаторот продолжува да се прегрупира во одредени области. Тие ги фокусираат главните напори на спроведување офанзивни операции во областите Купијанск, Лиман, Бахмут, Авдиивка и Новопавливка.
Подготви: Д. Мишев