Светот ја слуша Украина во Давос – тие знаат што направи Русија со Днипро, знаат што прават терористите со Херсон, Харкив, украинскиот Донбас и другите територии на кои Русија донесе смрт, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање.
Зеленски во обраќањето соопшти дека е завршена спасувачката операција во Днипро, каде во рускиот напад беа ранети или повредени 79 лица.
На списокот на загинати има 45 Украинци, меѓу кои 6 деца, меѓу кои и момче кое имало само 11 месеци…Децата и цивилите се непријатели за Русија. Очигледно, ова може да се случи само затоа што Русија се претвори во непријател на целото човештво, потенцира Зеленски.
Тој се заблагодари на секој човек во светот кој им помага да се одбранат од теророт!
Светот ја слуша Украина во Давос – тие знаат што му направи Русија на Днипро, знаат што прават терористите со Херсон, Харкив, нашиот Донбас и другите територии на кои Русија им донесе смрт, вели Зеленски.
Украинскиот претседател информираше дека одржал состанок со учество на јавниот обвинител и министерот за внатрешни работи на Украина за да се идентификуваат виновниците за нападот на Днипро.
Секој ден има се повеќе фактички информации и правни чекори на нашата држава. И сето тоа ќе заврши со казни за сите овие руски убијци.
Тој се заблагодари на сите вработени во украинските агенции за спроведување на законот и на сите партнери, разузнавачи, на сите специјални служби кои работат на потребните материјали за судења против рашисти.
Исто така, се заблагодари на сите волонтери, јавни личности, особено на новинарите кои ја помагаат истрагата, и, се разбира, на сите украински воини, на секој од нив што ја брани државата како дел од сите украински одбранбени и безбедносни сили, кои прават сè за да ја истераат руската армија од Украина.
Пред се, им благодарам на воините кои сега се на фронтот, кои се борат за нашата слобода, кои се вистински херои! Кога ќе ги истераме окупаторите од нашата земја, ќе биде прашање на време кога ќе се врати правдата, кога ќе бидат изречени казните за руските убијци, нагласи Зеленски во своето обраќање.
Подготви: Д. Мишев