• Latest

Живот меѓу стапот и морковот!

May 26, 2017

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Живот меѓу стапот и морковот!

May 26, 2017 09:37
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Колку луѓе ќе умрат денеска поради грдото лице на институциите? Колку луѓе ќе бидат на работ на плачот, онеправдани и понижени, гневни. Додека узурпаторот врши увид врз промашените проекти кои нему му донесоа милионски провизии, некои родители ќе бараат хуманитарна помош за да го спасат животот на своето дете.

Пишува: Џабир Дерала

Секојдневно, системот предизвикува по некоја трагедија. Институциите сè уште се само една обична алатка во рацете на партијата која не успеа ни со терористички акт да ја задржи формалната власт, но грчевито го блокира враќањето на демократијата и владеењето на правото. Главните соучесници, судството и полицијата функционираат според мрачни и криминални концепти, се однесуваат гротескно, мрачно, грдо и налудничаво. И имаат директно влијание врз животот на луѓето, секојдневно, често со трагични последици. Со вистински, опипливи, трагични последици!

Додека партиската војска врши притисок врз системот, уценува и глуми патриотизам, разбојништвото продолжува. Сончогледите веќе се свртени кон сонцето, но старите инструкции сè уште им се во внатрешните џебови. Земјата талка во мракот, по крвавите напади и терор кој го организираа и спроведоа луѓе со име и презиме. Но, само дел од криминалците добиваат симболични казни, а најодговорните продолжуваат по својот неславен пат. За тоа време, невини луѓе лежат в затвор. Умираат таму, ги фрлаат на бетонот во затворските дворови. Невини!

Направија лавиринт од закони кои функционираат само за притисок и заплашување, односно нивната солдатеска да живее подобро, ако е послушна и да мине низ пекол, ако не е. Всушност, не постојат вистински институции, не постои вистинско спроведување закони, туку само алатки на криминална структура. Да му се згади на човек, колку можат да бидат подли и злобни.

Волјата на граѓанките и граѓаните е скршена и манипулирана. Децата ги воспитуваат морално распаднати партиски шрафчиња. Како питбули, чии вилици се вкочанети на вратот на жртвата, ја држат власта, влијанието, моќта… Вгнездени се во секоја пора на државниот апарат, медиумите и општеството, ги згмечија семејствата и ги претворија во запчаници на послушничката машинерија. Живот меѓу стапот и морковот!

Tags: властдемократијаинституцииузурпацијачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ