• Latest

Живот за сите, најмногу за Сваровски судството и за партијата на Груевски

March 5, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Живот за сите, најмногу за Сваровски судството и за партијата на Груевски

March 5, 2018 12:47
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Навечер, откако ги завршиле своите секојдневни обврски, лидерите на двете најголеми партии во Македонија седнаа да разговараат за условите под кои опозицијата ќе се врати во Парламентот.

Пишува: Џабир Дерала

Политичкиот дијалог е суштествен за функционирањето на едно општество. Но, без оглед на тоа каков е политичкиот дијалог, институциите на државата мора да функционираат според Уставот и законите на земјата, а тогаш кога законите не се во согласност со уставните норми, тие треба да се менуваат и усогласуваат. Сето тоа мора да биде усогласено на тој начин што ќе им го подобрува животот на сите граѓанки и граѓани подеднакво, ќе обезбеди социјална сигурност на ранливите, пристап до правда. Накратко, владеењето на правото е основа за демократијата, а не политичкиот дијалог. Човековите права и слободи се почитуваат со неселективна примена на правото и правдата, а не со разговори, убедувања и пазарења, кои се дел од политичкиот дијалог.

Оваа безброј повторувана позиција не е дел од некој учебник или академска расправа, туку е произлезена од праксата на демократските земји, значи не е невозможна состојба. Падот на режимот на Груевски претпоставуваше суштински промени во практикувањето на власта. Нѐ убедуваа дека токму тоа ќе се случи – суштински промени, демократија, владеење на правото…

Дали разговорите меѓу Заев и Мицкоски одат во таа насока?

Не! Прво и основно, се работи за различни нивоа на кредибилитет. Зоран Заев е легитимен лидер на неговата партија и премиер на Владата со тенко, но легитимно мнозинство во Парламентот. Мицкоски е оспорен лидер со сомнителен кредибилитет пред дел од членството во неговата партија. Самата партија на Мицкоски, пак, е озлогласена, по 11-годишното криминално и насилничко владеење со кое ја заробија државата, а со тоа и судовите, партија чии функционери се под истрага за тешки криминални дела, корупција, насилство и изборни кражби.

Какви услови може да поставува Мицкоски во оваа констелација? Тој, едноставно, нема кредибилитет да наметнува услови. Во принцип, овој коментар треба да заврши веќе со оваа поента.

Мицкоски го условува враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот со ослободување на притворените за крвавиот напад на 27 април. Зошто? Затоа што притворените може да ја разоткријат целата шема на нападот? Условите во притворот се навистина нехумани, но тоа се услови во систем воспоставен и одржуван од партијата на Груевски, односно Мицкоски. Тие мора да се поправат во најитна постапка, но напаѓачите и организаторите мора да се соочат со полната сила на правдата.

Премиерот Заев вели дека има „апсолутно разбирање“ за тоа дека опозицијата не се враќа во Парламентот додека не бидат комплетирана. Апсолутно неразбирливо и неприфатливо е да се има разбирање за таквиот став на Мицкоски.

Понатаму, во истата изјава, премиерот Заев вели: „Немаме намера, апсолутно, да вршиме притисок или влијание врз правосудството заради тоа што правосудството е независно и, апсолутно, важењето на законот е еднакво за сите.“

Апсолутно неточно е да се тврди дека судството е независно. Напротив, судството е далеку од реформирано, сѐ уште е корумпирано и подложно на политичките влијанија од претходната власт, поточно, под влијание на Груевски и Мицкоски. Тоа е познат факт и се гледа, како од биографиите на оние што делат правда во земјава, така и од нивните пресуди во изминатата година. По сите опструкции на работата на Специјалното јавно обвинителство, евтината козметика во кадровските промени на клучните позиции во правосудниот систем и пресудите по кои виновните шетаат слободни, со насмевка и преполни џебови – не можеме да кажеме дека „правосудството е независно“ и дека „важењето на законот е еднакво за сите“. Се сеќавате, Груевски беше тој што велеше дека нема намера да се меша во одлуките на судот кога затвораше невини луѓе. Побогу, зборуваме за Сваровски судството на Мијалков и Груевски и за фамозните партиски тефтерчиња! Тоа сѐ уште живее! Хм, да, живот за сите, нема што…

Тоа што може да му го каже еден премиер и легитимен лидер на владејачка партија на Мицкоски е дека ќе даде сѐ од себе судството да стане независно и да не дозволи да се извлечат од одговорноста тие што го загрозија животот негов, на пратеничките и пратениците, на претставниците на медиумите и на целата земја на тој крвав 27 април.

Јавноста, а уште помалку Владата, не смеат да паѓаат на евтините уличарски трикови на претходната режимска номенклатура. Десетиците илјади амандмани, опструкциите на ЕУ и НАТО интеграцијата (помогнати од Путин и Ердоган), уривањето на кревките преговори за решение на спорот со името, сеењето страв, омраза и поделби не се адути во политички дијалог, туку уцени. А тие што уценуваат, познато е како треба да завршат. Не на преговарачката маса, туку на обвинителни клупи. Заедно со корумпираните судии!

Tags: владеење на правотодемократијаЗаевМицкоскиполитички дијалогПреговорисудство
Share126TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ