• Latest

ЦИВИЛ: Изборите да се одложат, аболицијата да се повлече, преодна влада да подготви слободни избори

May 12, 2016
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ЦИВИЛ: Изборите да се одложат, аболицијата да се повлече, преодна влада да подготви слободни избори

May 12, 2016 15:11
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Изборите да се одложат до момент кога ќе се создадат услови за слободни избори, аболицијата да се повлече, преодна влада да подготви слободни избори се главните препораки, односно барања на ЦИВИЛ – Центар за слобода, за излез од политичката криза во Република Македонија.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=sFiFWf4dJZg[/youtube]

Во изминатите два месеци, партиите на власт, не само што не манифестираа политичка волја и не презедоа активности за да го спроведат политичкиот договор, туку дополнително вложија енергија и јавни ресурси за да го осуетат неговото спроведување и да ја задржат окупацијата и злоупотребата на системот.

Преговорите се крајно отежнати поради континуираните опструкции на партиите на власт, аболицијата на претседателот Иванов и речиси потполната блокада на институциите кои се наоѓаат под партиски диктат.

Една од најсериозните последици од неуспехот да се спроведе политичкиот договор докрај е и состојбата со медиумите, кои сè уште се под жестока контрола на власта. Државата не се одвои од партијата, а партиите на власт продолжија со злоупотребите, политичката корупција, кршењето на човековите права и слободи, политичката дискриминација и структурното насилство. Државната изборна комисија не успеа да се издигне над партиските интереси, наспроти напорите на независните експерти во нејзиниот состав. Тоа доведе до доцнење со роковите и до неквалитетен процес на прочистување на Избирачкиот список.

ЦИВИЛ – Центар за слобода распореди мониторинг тимови и експертскиот тим кои во континуитет ги набљудуваат и анализираат состојбите во земјата веќе 17 месеци, поточно, од јануари 2015 година.

На теренот, продолжуваат партиските притисоци, закани и уцени врз гласачкото тело, пред сè, врз социјално ранливите категории на граѓанки и граѓани, како и врз вработените во администрацијата на локално и на национално ниво.

Во ЦИВИЛ се собраа стотици извештаи и изјави на граѓанки и граѓани кои сведочат и приложуваат докази за огромните злоупотреби на моќта на партиите на власт. Во образованието, партиските војници вршат притисок врз персоналот, но и врз децата, а преку нив и врз родителите. Во здравството, партиската припадност значи и можност за подобар третман, додека здравствениот персонал кој не е во милост на партиите на власт трпи секојдневни притисоци и дискриминација.

Продолжува и рекетот во стопанството. Нашите анализи упатуваат на заклучокот дека дел од средствата кои се извлекуваат од стопанството во овој период се насочуваат и кон послушничките медиуми. Стопанските субјекти не смеат ни да помислат да спонзорираат некој независен или опозициски медиум, поради страв од инспекциските служби кои сè уште се користат како алатка за уцена и принуда.

Партиите на власт не престанаа да се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста од сопствените злоупотреби и процесите во кои тие треба бидат земени на одговорност. Освен со медиумски манипулации, очигледна е заднината на „патриотските игри“, односно засилување на меѓуетничките тензии. За сега, обидите да се дивергира вниманието на јавноста и да се манипулира со етнички и верски теми остануваат неуспешни.

ЦИВИЛ бара од власта и институциите да престанат со слугување на тесните партиски интереси и да ги кренат рацете од фундаменталните човекови права и слободи, меѓу кои е и правото на мирен протест. Со организирање на контра-протести, власта само ја продлабочува кризата.

Македонија сѐ уште е земја на политички затвореници. Во притвор сега е и лидерот на Левица, Здравко Савески, како и низа други новинари, политички лидери и други неистомисленици, кои сѐ уште страдаат од прогонот на партизираното судство во земјата.

Сето тоа мора да престане веднаш!


Овие позиции на ЦИВИЛ се претставени на почетокот на јавната дискусија „Плурализмот и политичката криза“ која се одржа на 10 мај 2016 година.
Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.
Tags: изборијавна дискусијаМакедонијаполитичка кризаЦивилЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ