Првиот круг на локалните избори говори дека во Македонија може да има слободни избори, но помина и со многу недостатоци. Ова беше заклучокот на прес-конференцијата на ЦИВИЛ на којасе презентираше прелиминарниот извештај од изборниот мониторинг. Прес-конференцијата можеше да се следи во живо, како и секоја во текот на изборниот ден, на онлајн каналот CIVIL Macedonia.
„Вчера неколку стотици гласачи, повторно не може да го остварат своето право на глас затоа што или беа избришани од Избирачкиот список или беа преместени ви друго избирачко место и на тој начин беа обесхрабрени за совето гласачко право“, истакна Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода.