• Latest

ЦИВИЛ со компаративна анализа на извештајот на ОДИХР

March 5, 2017
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
Скриншот од видео на
Times News

Украина не треба да му дава ништо дополнително на „терористиот“ Путин- изјави Зеленски, додека Трамп вели дека Путин „ќе земе нешто“

October 20, 2025
Газа. Фото: Х

Примирјето во Газа го преживеа првиот голем тест, Израел и Хамас ја потврдуваат посветеноста на договорот

October 20, 2025
Фото: ДИК

ВМРО-ДПМНЕ во првиот имаат 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а НАИ 4; Ѓорѓиевски и Мециновиќ во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

October 20, 2025

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ со компаративна анализа на извештајот на ОДИХР

March 5, 2017 23:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода излезе со компаративна анализа на финалниот извештај на ОДИХР за изборниот мониторинг во однос на нивните наоди и препораки во извештајот „Избори 2016“ за предвремените парламентарни избори минатата година. Анализата се однесува на сегментот, и во двата извештаи, посветен на Државната изборна комисија и Избирачкиот список.

Во анализата на Биљана Јордановска, член на ЦИВИЛ се вели:

Мисијата за изборен мониторинг на ОБСЕ/ОДИХР излезе со финалниотизвештај за предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година во Македонија со позитивна оценка за денот на гласање, транспарентноста на изборниот процес и за Државната изборна комисија која во текот на ноќта излезе со првичните резултати.

Постизборниот период  е оценет како напнат, со остра реторика од членовите на владејачката партија кон ДИК и кон дел од дипломатската заедница во земјата за изборно мешање, што резултираше со прегласување во една изборна едница, Избирачко место 2011, Теарце, на 25-ти декември 2016.

Државната изборна комисија, како одговорна за спроведување на изборните процеси во Македонија, по препорака на ОБСЕ/ОДИХР беше зајакната во правниот и ИТ секторот.

Сепак, и покрај неколку позитивни забелешки, генерална оценка на ОБСЕ/ОДИХР е дека постои потреба од ревидирање на работата на ДИК и подобрување на внатрешната организација, ефикасноста и поголема транспарентност во процесот на спроведување на изборите. Дополнителна препорака е сите седници на ДИК да бидат отворени за јавноста и на тој начин, да се придонесе кон јакнење на довербата на граѓаните кон оваа институција. На тој начин, ќе се обезбеди донесување одлуки кои ќе бидат надвор од политичкото и партиското влијание.

Неспроведувањето на Избирачкиот законик, недоволна едукација на гласачкото тело, но и на Општинските изборни комисии и Избирачките одбори, како и рамноправна вклученост на етничките малцинства во структурата на ДИК, се сегменти за кои ОБСЕ/ОДИХР препорачува да се обрне внимание  и така, да се подобри функционалноста и транспарентноста во спроведувањето на изборните процеси во Македонија.

Што се однесува до Избирачкиот список, задачата на ДИК, според Договорот од Пржино, беше да направи вкрстена проверка со базата на податоци од  11 државни институции и на тој начин да ја зголеми довербата на гласачите за исправноста и точноста на истиот. Ограничувањето на правото на глас само со важечка лична карта или биометриски пасош е спротивно на Уставот и ДИК мора да  обезбеди остварување на правото на глас на секој граѓанин. Тоа подразбира и измени во Изборниот законик во делот на Избирачкиот список.

Според извештајот на ОБСЕ/ОДИХР треба да се воспостават механизми за навремен и ефикасен надомест за сите гласачи кои не го оствариле своето гласачко право, поради отсутноста во Избирачкиот список, а соработката на ДИК со МВР треба да продолжи во насока на континуирано ажурирање на Избирачкиот список, кој од друга страна, треба да биде постојано достапен за граѓанското општество и за политичките партии.

Процедурални проблеми во делот на броењето на гласовите – е забелешката и на 20 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР на изборниот ден.

img_1666

Над 750 извештаи за изборни нерегуларности пристигнаа во ЦИВИЛ на ден на изборите. Проблеми со Избирачкиот список, семејно гласање, поткуп на гласачи, кршење на изборниот молк, попречување на гласањето, насилство, опструкции во работата на набљудувачите, се само дел од нерегуларностите за кои известуваа набљудувачите на ЦИВИЛ.

За споредба, ЦИВИЛ во својот финален извештај „Избори 2016“  спроведувањето на предвремените парламентарни избори во 2016 го оцени како „наследство од десетгодишното институционално заробеништво кое го спроведуваат владејачките партии“.

Во таа насока, нерегуларностите и неефикасноста во изборниот процес, во голема мерка беа одговорност на ДИК. Огромни домашни и меѓународни напори, стручност, поддршка и нова легислатива што ѝ беа дадени на располагање на Државната изборна комисија, не беа искористени во интерес на заштитата на гласачкото право и законитоста на изборите.

Хаваријата што настана со Избирачкиот список, не само што ги спречи гласачите во остварување на нивното уставно право на глас, туку недостапноста и затвореноста на ДИК предизвика револт кај гласачкото тело.

ЦИВИЛ во континуитет ја мониторираше политичката криза и состојбите во кои се креираа условите за спроведување на изборите на 11-ти декември, од кои се очекуваше ги почитуваат миниум поставените услови за слободни избори. За жал, „привидната“ мирна состојба оценета од ОБСЕ/ОДИХР, резултираше со постизборни тензии кои уште повеќе се интензивираа со последните етнички тензии и насилства како реакција на одлуката за формирање на Влада од СДСМ.

Во пресрет на локалните избори 2017, ЦИВИЛ препорача и сѐ уште стои на истиот став, итна анализа и детална истрага на ДИК и нејзините тела и итни реформи во оваа институција. Она што ОБСЕ/ОДИХР го препорача во својот извештај во однос на ДИК, во делот на нетранспарентноста и политичкото, односно партиското влијание врз оваа институција, како и несоработката со граѓанските организации што вршеа мониторинг на изборите, е предупредувањето со кое ЦИВИЛ излезе уште во извештајот „Дискфалификувана демократија“ од изборниот мониторинг во 2014 година.

ЦИВИЛ упати сериозни предупредувања и препораки и во публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“, издаден во јули 2016 година. ДИК и другите релевантни институции се оглушија од сите добронамерни и конструктивни предлози на ЦИВИЛ и меѓународната заедница.

Засега, ниту одговор, а уште помалку одговорност, сè уште нема од институциите.

Затоа, независно по кој извештај ќе се водат во итните реформи во пресрет на локалните избори 2017, институциите мораат внимателно да ги преземат сите неопходни чекори за надминување на големите предизвици во изборниот систем.

Како што сега  стојат работите, гласачите можат да очекуваат фантомите и починатите лица повторно да гласаат, а живите, постоечките гласачи, со уставно гарантирано право на глас, повторно да ја бараат (и да не ја најдат) правдата низ институционалните лавиринти.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализаДИКизбирачки списокизбориизвештајОДИХРЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ