• Latest

ЦИВИЛ со остра осуда на прославата на диктатурата на Ердоган

July 15, 2017

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ со остра осуда на прославата на диктатурата на Ердоган

July 15, 2017 10:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со насловот „Осуда на бизарната прослава на диктатурата на Ердоган во Турција“, и денеска, ЦИВИЛ – Центар за слобода излезе со остра осуда на диктаторскиот режим на Ердоган и го осуди бизарниот чин на прослава на годишнината од крвавите настани во Турција, организирана во Македонија, а финансирана од турската државна агенција ТИКА. 

Го пренесуваме соопштението во целост:

„Газењето на човековите права, корупцијата, контрола врз медиумите и насилство врз политичките неистомисленици е краткиот опис на долгогодишното авторитарно владеење на Реџеп Таип Ердоган во Турција.

По обидот за пуч или, како што дел од светската јавност верува, инсценираната криза која на Ердоган му даде простор за брутална пресметка со својот народ, демократијата, слободата на изразувањето и владеењето на правото се укинати. Наместо тоа, во Турција сега, масовно се апси. Се убива.

Ердоган владее со брутално насилство. Илјадници интелектуалци, новинари и опозиционери гнијат в затвор, а медиумите, администрацијата, војската и полицијата минаа низ болна и насилна чистка. Во тие структури сега има само слепи послушници на режимот кој го воспостави овој назаден исламски фундаменталист. Од држава што се обидуваше да држи чекор со времето, Ердоган направи темен вилает. Тој стори сè за да се уништи и заборави тоа што го создаде големиот реформатор и творец на европска Турција – Кемал Ататурк.

Дрско и арогантно, денеска и во Македонија се слави една година од бруталната окупација на Турција, која ја спроведе Ердоган на чело на една корумпирана и насилничка клика. Ни помалку, ни повеќе, организаторите, финансирани од државната агенција ТИКА, ќе слават!

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува бруталниот диктаторски режим na Ердоган.

Најостро го осудуваме бизарниот чин на прослава и агресивна кампања која бесрамно го прикажува актот на брутално насилство, окупација и диктатура – како победа на демократијата. Ја повикуваме македонската и меѓународната јавност да ѝ се придружи на оваа осуда. Ги повикуваме медиумите, јавните личности, политичарите, а особено претставниците на институциите и државата – да ја бојкотираат оваа бесрамна манифестација на дрскост, узурпација и манипулација со нашата јавност од диктаторската клика во Турција.

ЦИВИЛ ја користи оваа можност да изрази силна поддршка за активистите за човекови права, медиумските работници и сите слободољубиви граѓанки и граѓани на Турција кои се залагаат за демократија, слобода и владеење на правото“.

Tags: бојкотдиктатураЕрдоганМакедонијаосудатурцијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ