По средбата помеѓу премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ХБристијан Мицкоски, Заев изјави дека и двајцата покажале доблест и дека наместо бојкот и блокади се договориле да прдложат собранието да го измени законот за пописот закажан за први април и тој да се одржи од 5-ти до 30-ти септември оваа година. Договорено е, а во меѓувреме да се искористи можноста за имунизација на населението, а исто и на попишувачите.
Ова, појасни Заев на прес конфернецијата по средбата, значи дека се одложуваат и локалните избори за втората половина на октомври. Дијаспората ќе продолжи да се попишува во целиот овој период, а заклучно до 30-ти септември.
На средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски освен за Пописот, како што соопшти премиерот, е разговарано и за имунизацијата од Ковид-19, изборниот законик и за унапредувањето на демократските модели за локалните и за парламентарните избори.