• Latest

ДУИ ја продлабочи кризата

April 1, 2016

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ДУИ ја продлабочи кризата

April 1, 2016 15:57
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Демократската унија за интеграција, синоќа одлучи да ги повлече сите актуелни претставници на извршната власт во Република Македонија.

„Претседателството ги потврди статутарните права и му ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот Али Ахмети, за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција. ДУИ ја информира домашната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови“, се вели во соопштението на партијата.

Во Владата ДУИ учествува со 8 министри. На овој начин министрите кои доаѓаат од ДУИ претставуваат една третина од Владата.

Прв  денеска поднесе оставка министерот за образование Абдулаќим Адеми, по што оставка поднесоа и останатите членови на Владата од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, заменик-претседателот задолжен на Владата за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери, вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, министерот за економија Беким Незири, за правда Аднан Јашари, потоа првиот човек на Министерството за локална самоуправа Љурим Шабани, министерот за екологија Нурхан Изаири и министерот без ресор Фуркан Чако. 

Abdylaqim Ademi

“Овој наш чекор е продолжение на нашите енергични напори за демократија и еден реформиран општествен и политички систем, со што изразуваме и револт за прислушкувањето, продажбата и дистрибуцијата на аудио материјалите кои се произведуваат и монтираат дополнително со тенденција да ги оштетат и уриваат напорите за системски реформи”, стои во соопштението на ДУИ како образложение за последната одлука на партијата. “ДУИ го повикува и Специјалниот Обвинител веднаш да се вклучат во истрагата на овој сериозен криминал, кој има за цел да ги загрози јавните личности и да влијае на работата на оваа институција, која има законска одговорност за прислушуваните разговори, кои веќе се пласираат и се обработуваат на црниот пазар насекаде во регионот. Но, за доброто на општеството, процесот на системско реформирање ќе го спроведеме до крај бидејќи само спроведувањето на реформите ја прават оваа земја оддржлива и да не стане заложник на фабрикатори и инсталирање на подземјето во политиката,”, се вели во соопштението на ДУИ.

ЦИВИЛ Медиа, разговараше со поранешниот генерален секретар на Собранието, Александар Новакоски, за повлекувањето на ДУИ од Владата.

“Доколку министрите кои ќе поднесат оставка во Собранието, согласно Уставот на Република Македонија се една третина и повеќе, се смета по сила на Уставот, дека целата Влада си поднела оставка. Тие се должни да ја вршат таа функција, до изборот на нова Влада. До изборот на нови министри тие се должни да ја вршат функцијата, како министри во оставка. Што се однесува до одлуката за распуштање, ја носи Собранието, односно пратениците. Ако донесат одлука да се распушти Собранието, автоматски, тие оставки пред распуштање им се констатираат, и во тој случај, повторно таа влада си ги врши функциите до изборот на нова влада, и министрите кои си поднеле оставка ќе ја вршат својата функција и тоа нема да има влијание врз одлуката за распуштање на Собранието, зборувам како е правно. Но, што ќе одлучат во Собранието, тоа е друга работа.  Доколку не се распушти Собранието, тогаш техничкиот претседател на Владата,  можеби ќе предложи за избор на нови министри. Тоа е постапката, не смее да се остави вакуум во функционирањето на владата. Ние имаме строга поделба на власта на извршна, законодавна и судска, министрите се членови на влада, не на ДУИ, треба да се подели таа работа, и тие се должни да ја вршат таа функција. Одлуката за распуштање на Собрание е строго – одлука на пратениците”, смета Новакоски.

Марија Теговска

 

Tags: владаДУИизбориоставкаприслушкувани разговориСЈОСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ