• Latest

24 ЧАСА: ДКСК отвори предмет за тендерите на министерот Стефан Андоновски; Рокас вели ЕУ интензивно работи на решавање на прашањето со Бугарија; издадена наредба за апсење на Додик; САД продолжуваат со помошта за Кијив

March 12, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ДКСК отвори предмет за тендерите на министерот Стефан Андоновски; Рокас вели ЕУ интензивно работи на решавање на прашањето со Бугарија; издадена наредба за апсење на Додик; САД продолжуваат со помошта за Кијив

March 12, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ДКСК отвори предмет за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација, СДСМ го поздравува и очекува реакција од ОЈО

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството за дигитална трансформација кои ги добил сопругот на државната секретарка, Гордана Клинчарова…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Рокас: Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија

На ниво на ЕУ напорно работиме во тесна соработка со Владата на Северна Македонија да се надминат сите преостанати прашања пред да ги отвориме преговорите. Има интензивна дипломатска активност за решавање на ова прашање, високи претставници на ЕУ ќе го посетат Скопје во следниве два до три месеци и се надевам дека ќе можеме да продолжиме напред, рече Рокас во одговор на новинарско прашање какво е расположението во ЕУ за потпишување изјава од страна на Европскиот совет, Европската комисија или од бугарска страна, за тоа дека вметнувањето на Бугарите во Уставот ќе биде единствено билатерално прашање на нашиот пат кон ЕУ.

РЕГИОН

Обвинителството на БиХ издаде наредба за апсење на Додик за „напад врз уставниот поредок“

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба до правосудната полиција да ги уапси претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ…

СВЕТ

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Кијив, Максар го враќа пристапот на Украина до сателитски снимки со висока резолуција

Тулси Габард, директорката за национално разузнавање на САД, потврди дека САД продолжиле да споделуваат разузнавачки информации со Украина според насоките на претседателот Доналд Трамп.…

АЛПРЕС

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот: ТикТок од утре официјално се затвора во Албанија; Српскиот динар во Косово забранет во прописите, прифатен на пазарот; Операција за спас на имотот на криминалецот Радоичиќ

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за економските политики на владата на Мицкоски?

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

#Towards2030: Регионална иницијатива на Балкан Форум – можност за Западен Балкан да придонесе кон глобалните дебати за клучни теми

Минатиот септември, реномираната тинк-тенк организација, Балкан Форум, со седиште во Приштина, Косово, ја започна иницијативата Кон 2030. Бројни новинари, аналитичари, лидери на граѓански организации и експерти пишуваа написи на клучни прашања поврзани со глобалните случувања и процеси, како и за меѓународните денови на почитување на човековите права, слободата на говорот и медиумските слободи, заштитата на животната средина, итн.

Официјалниот хаштаг на иницијативата е #Towards2030 (Кон 2030).

ИНТЕРВЈУ

Проф. Оливер Андонов: ВМРО-ДПМНЕ е партија на лојалисти, државата е без одбранбена стратегија, ЕУ интеграциите се запрени, а поддршката за Украина е празна реторика

Во ова маратонско интервју за ЦивилМедиа, проф. Оливер Андонов открива ексклузивни детали за начинот на функционирање на ВМРО-ДПМНЕ и владата, за напорите за демократизација на партијата, за начинот на кој се води политиката, вклучително и надворешната политика. Тој говори и за одбраната и одбранбените стратегии на државата, за Украина и нејзината борба за слобода и праведен мир, за регионалната стабилност и вооружувањето на Србија.

АНАЛИЗИ

Ова е скен на геополитичките маневри на Русија: Од тајните операции на Кремљ до воздушниот терор врз украинските цивили – во свет каде што куршумите често се заменети со лаги, измами и стратешка присила, Западот мора да се соочи со цената на децениското попуштање и да дејствува пред да биде предоцна, пишува Џабир Дерала во анализата „(Не толку) тивка војна: Хибридните воени операции на Русија и заканите против западната демократија“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Светот се менува пред нашите очи, а кој ќе биде резултатот ќе се покаже како и многу пати во историјата, после одреден рок. Секој систем пропаѓа најмногу поради сопствените противречности вградени во него. Либерализмот имаше една структура, а пост- либерализмот почна да станува негација на основата. Што би рекле моите сограѓани, „на празен стомак торта не оди ,треба прво лебче да се касне“, пишува Војо Маневски во колумната „Со двете нозе во една чевла нема чекорење“.

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестиизјавиинтервју
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ