• Latest
Фото: Wikimedia commons

24 ЧАСА: Дваесет и две години од терористичките напади врз САД; Aко земјите во Западен Балкан инститираат на билатералните спорови, ниту една нема да влезе во ЕУ, предупредува Пендаровски; Состанок на Процесот Брдо-Бриони во Скопје

September 11, 2023
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

САД ја повикуваат Кина да го одврати Иран од затворањето на Ормутскиот теснец

June 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
By USAF - www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Дваесет и две години од терористичките напади врз САД; Aко земјите во Западен Балкан инститираат на билатералните спорови, ниту една нема да влезе во ЕУ, предупредува Пендаровски; Состанок на Процесот Брдо-Бриони во Скопје

September 11, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Дваесет и две години од терористичките напади врз САД

Дваесет и две години од најразорните терористички напади во историјата, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе. Исламистичка терористичка мрежа Ал Каеда изврши напади во Њујорк и во Вашингтон.

Попоска: По повеќе од две децении од падот на кулите близначки, повеќе од секогаш, се соочуваме со пад на либералните вредности врз кои е базирано општеството за кое се бореа многу генерации

„Нападите од 11/09 донесоа нова ера во светската политика и тектонски промени во односите на моќ и разбирањето на заканите по светскиот мир и безбедност, во кој се до тогаш, немаше место за недржавни субјекти“, посочува Доц. д-р. Весна Попоска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот Визион –Гостивар во однос на влијанието на нападите на 11 септември, 2001 година во САД, во изјава за ЦИВИЛ Медиа.

Идентификацијата на жртвите на Светскиот трговски центар е „најголемата и најсложената форензичка истрага во историјата на САД“

Нападите од 11 септември оставија 2.977 мртви низ Њујорк, Вашингтон  и Пенсилванија, според Меморијалот и музејот на 11 септември. Во тој вкупен број се вклучени 2.753 лица кои загинаа откако авионите ги погодија Кулите близначки, 184 луѓе во Пентагон и 40 лица кои загинаа при падот на летот 93 во Пенсилванија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пендаровски: Ако за земјите од Западен Балкан се инститира прво да ги решат билатералните спорови, тогаш ниту една нема да влезе во ЕУ

-Нам ни е јасно дека ’97 година таа т.н. регионална клаузула или добрососедските односи мора да се исполни. Во однос на нашата земја, нашите аспирации, нашиот пат досега, јасно е дека постои прилично голем дисбаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во ЕУ и билатералните односи со намалку двајца од нашите соседи. Во изминатите три години ние имаме сериозен дисбаланс во таа смисла, затоа што билатералниот проблем со Бугарија, ја покри за жал целокупната традиционална агенда за пристапување. Ние се надеваме дека најскоро тоа ќе се промени, бидејќи ако на Западен Балкан инстистираме најпрво да бидат решени чисто билатералните спорови и посебно ако тие се потпираат на историја и на емоции тогаш ниту еден од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ, рече Пендаровски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

ЕУ остро го осудува одржувањето на руските нелегитимни т.н. „избори“ во Автономната Република Крим и градот Севастопол и во делови од регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон во Украина, кои Русија привремено ги окупираше

*

Аналена Бербок утрово пристигна во посета на Кијив, што е нејзина четврта посета на Украина. Шефицата на германската дипломатија со украинските функционери ќе разговара за подготовките за претстојната зима, за украинските деца кои наводно биле насилно депортирани во Русија, како и за изгледите на Украина да стане членка на ЕУ.

.ФЛЕШ ВЕСТИ

АНТИКОРУПЦИЈА Предлогот што го отвори по сопствена иницијатива – за прекршување на Законот за финансирање политички партии, Антикорупциска комисија го затвора и ќе го проследи до Државниот завод за ревизија (ДЗР) и до Министерството за правда како надлежни за надзор и следење на финансирањето политички партии.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Да не се потценува временскиот период за донесување на уставните измени, порача денеска во Скопје специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин на средбата со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

СЛУЧАЈ „ОНКОЛОГИЈА“ Надлежниот јавен обвинител денеска бил телефонски контактиран од 10-тина граѓани кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката за случајот „Онкологија“, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ).

ТРАНСПАРЕНТНОСТ Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, заедно со Славица Грковска, вицепремиерка задолжена за добро владеење,  организираа јавна расправа за Нацрт – Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2023- 2026 година).

ОДБРАНА За време на посетата, португалската министерката за одбрана Кареирас ќе оствари тет-а-тет средба со министерката Славјанка Петровска, по што двете министерки ќе го потпишат и првиот договор за билатерална соработка на полето на одбраната.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот – Во рамки на процесот Брдо –Бриони што годинава се одржува во Скопје, ќе учествуваат и Бејрам Бегај, претседателот на Албанија, и Вјоса Османи- Садриу, претседателката на Косово. Домаќин на средбата на лидерите на земјите учеснички е претседателот Стево Пендаровски, а кодомаќини се претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар. Косово го доби правото да ги организира Медитеранските игри во 2030 година Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри гласаше за кандидатурата „Приштина 2030“, пишуваат косовските медиуми.

АНАЛИЗИ

Прелистувањето низ насловите нуди постојан прилив на лоши економски вести; јуанот е на најниско ниво во однос на доларот од 2007 година, извозот се намалува, имотниот сектор е заглавен во лоши долгови. Целта за раст на владата е „околу 5%“, најниска во последните децении; Економистите очекуваат зборот „околу“ да заврши голем дел од кревањето на тешките работи. Во тој контекст е и упорното инсистирање на Кина за продлабочување на врските и воведување на нови членки во БРИКС, каде самата е коосновач, и се стреми да ја има водечката улога ( со што не се согласуваат одредени земји членки, пред се Индија) како противтежа на глобалната доминација на Западот, како и обидот на Пекинг да го воспостави јуанот како глобална валута, односно алтернатива на доларот, стои во анализата „Тигарот на колена: Заврши ерата на кинескиот економски бум“ на Драган Мишев

Нафтениот сектор е тесно поврзан со американскиот долар, а искоренувањето на постоечкиот сектор само ќе им наштети на економиите на земјите од БРИКС. Локалните валути можат да одат само толку далеку и нема да успеат да го задржат своето упориште на нестабилните нафтени пазари. Според Харди, како заклучок, земјите од БРИКС кои го отфрлаат американскиот долар за нафта и прифаќаат локални валути само ќе им наштетат на нивните економии. Американскиот долар е де факто валута за нафтата, а заканата од нејзиниот став ќе создаде проблеми за земјите во развој, пишува Драган Мишев во анализата „ Врвен трговец со нафта за напорите на БРИКС за дедоларизација: Никој не може да го замени американскиот долар“

СЛОБОДНА ЗОНА

Темата на индиското претседателство со Г20 е „Една земја · едно семејство · една иднина“ и ја потврдува вредноста на целиот живот – човечкиот, животинскиот, растелниот и оној на микроорганизмите – и нивната меѓусебна поврзаност на планетата Земја и во поширокиот универзум. Навистина!?, пишува Џабир Дерала во анализата „ Г20 ламентира за „неизмерни човечки страдања“, но не ја виде руската злосторничка агресија против Украина“.

Сѐ се менува ама овој народ наш никако да се промени. Прави што сакаш, менувај устави и закони, тој пак е незадоволен. Сѐ некако минатото му било подобро. Па ако било подобро зошто и тогаш беше народецов незадоволен? Што сака народот да биде? Властодржец? Па нели му е доволно што е носител на суверенитетот па уште сака и да владее. Каде го има тоа, кажете?, прашува Војо Маневски во колумната „Неразбран народ“

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестиВојна во Украинаизјавиколумни
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ