ТЕМА НА ДЕНОТ
Дваесет и две години од терористичките напади врз САД
Дваесет и две години од најразорните терористички напади во историјата, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе. Исламистичка терористичка мрежа Ал Каеда изврши напади во Њујорк и во Вашингтон.
Попоска: По повеќе од две децении од падот на кулите близначки, повеќе од секогаш, се соочуваме со пад на либералните вредности врз кои е базирано општеството за кое се бореа многу генерации
„Нападите од 11/09 донесоа нова ера во светската политика и тектонски промени во односите на моќ и разбирањето на заканите по светскиот мир и безбедност, во кој се до тогаш, немаше место за недржавни субјекти“, посочува Доц. д-р. Весна Попоска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот Визион –Гостивар во однос на влијанието на нападите на 11 септември, 2001 година во САД, во изјава за ЦИВИЛ Медиа.
Идентификацијата на жртвите на Светскиот трговски центар е „најголемата и најсложената форензичка истрага во историјата на САД“
Нападите од 11 септември оставија 2.977 мртви низ Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија, според Меморијалот и музејот на 11 септември. Во тој вкупен број се вклучени 2.753 лица кои загинаа откако авионите ги погодија Кулите близначки, 184 луѓе во Пентагон и 40 лица кои загинаа при падот на летот 93 во Пенсилванија.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Пендаровски: Ако за земјите од Западен Балкан се инститира прво да ги решат билатералните спорови, тогаш ниту една нема да влезе во ЕУ
-Нам ни е јасно дека ’97 година таа т.н. регионална клаузула или добрососедските односи мора да се исполни. Во однос на нашата земја, нашите аспирации, нашиот пат досега, јасно е дека постои прилично голем дисбаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во ЕУ и билатералните односи со намалку двајца од нашите соседи. Во изминатите три години ние имаме сериозен дисбаланс во таа смисла, затоа што билатералниот проблем со Бугарија, ја покри за жал целокупната традиционална агенда за пристапување. Ние се надеваме дека најскоро тоа ќе се промени, бидејќи ако на Западен Балкан инстистираме најпрво да бидат решени чисто билатералните спорови и посебно ако тие се потпираат на историја и на емоции тогаш ниту еден од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ, рече Пендаровски.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
ЕУ остро го осудува одржувањето на руските нелегитимни т.н. „избори“ во Автономната Република Крим и градот Севастопол и во делови од регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон во Украина, кои Русија привремено ги окупираше
*
Аналена Бербок утрово пристигна во посета на Кијив, што е нејзина четврта посета на Украина. Шефицата на германската дипломатија со украинските функционери ќе разговара за подготовките за претстојната зима, за украинските деца кои наводно биле насилно депортирани во Русија, како и за изгледите на Украина да стане членка на ЕУ.
.ФЛЕШ ВЕСТИ
АНТИКОРУПЦИЈА Предлогот што го отвори по сопствена иницијатива – за прекршување на Законот за финансирање политички партии, Антикорупциска комисија го затвора и ќе го проследи до Државниот завод за ревизија (ДЗР) и до Министерството за правда како надлежни за надзор и следење на финансирањето политички партии.
УСТАВНИ ИЗМЕНИ Да не се потценува временскиот период за донесување на уставните измени, порача денеска во Скопје специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин на средбата со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.
СЛУЧАЈ „ОНКОЛОГИЈА“ Надлежниот јавен обвинител денеска бил телефонски контактиран од 10-тина граѓани кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката за случајот „Онкологија“, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ).
ТРАНСПАРЕНТНОСТ Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, заедно со Славица Грковска, вицепремиерка задолжена за добро владеење, организираа јавна расправа за Нацрт – Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2023- 2026 година).
ОДБРАНА За време на посетата, португалската министерката за одбрана Кареирас ќе оствари тет-а-тет средба со министерката Славјанка Петровска, по што двете министерки ќе го потпишат и првиот договор за билатерална соработка на полето на одбраната.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот – Во рамки на процесот Брдо –Бриони што годинава се одржува во Скопје, ќе учествуваат и Бејрам Бегај, претседателот на Албанија, и Вјоса Османи- Садриу, претседателката на Косово. Домаќин на средбата на лидерите на земјите учеснички е претседателот Стево Пендаровски, а кодомаќини се претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар. Косово го доби правото да ги организира Медитеранските игри во 2030 година Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри гласаше за кандидатурата „Приштина 2030“, пишуваат косовските медиуми.
АНАЛИЗИ
Прелистувањето низ насловите нуди постојан прилив на лоши економски вести; јуанот е на најниско ниво во однос на доларот од 2007 година, извозот се намалува, имотниот сектор е заглавен во лоши долгови. Целта за раст на владата е „околу 5%“, најниска во последните децении; Економистите очекуваат зборот „околу“ да заврши голем дел од кревањето на тешките работи. Во тој контекст е и упорното инсистирање на Кина за продлабочување на врските и воведување на нови членки во БРИКС, каде самата е коосновач, и се стреми да ја има водечката улога ( со што не се согласуваат одредени земји членки, пред се Индија) како противтежа на глобалната доминација на Западот, како и обидот на Пекинг да го воспостави јуанот како глобална валута, односно алтернатива на доларот, стои во анализата „Тигарот на колена: Заврши ерата на кинескиот економски бум“ на Драган Мишев
Нафтениот сектор е тесно поврзан со американскиот долар, а искоренувањето на постоечкиот сектор само ќе им наштети на економиите на земјите од БРИКС. Локалните валути можат да одат само толку далеку и нема да успеат да го задржат своето упориште на нестабилните нафтени пазари. Според Харди, како заклучок, земјите од БРИКС кои го отфрлаат американскиот долар за нафта и прифаќаат локални валути само ќе им наштетат на нивните економии. Американскиот долар е де факто валута за нафтата, а заканата од нејзиниот став ќе создаде проблеми за земјите во развој, пишува Драган Мишев во анализата „ Врвен трговец со нафта за напорите на БРИКС за дедоларизација: Никој не може да го замени американскиот долар“
СЛОБОДНА ЗОНА
Темата на индиското претседателство со Г20 е „Една земја · едно семејство · една иднина“ и ја потврдува вредноста на целиот живот – човечкиот, животинскиот, растелниот и оној на микроорганизмите – и нивната меѓусебна поврзаност на планетата Земја и во поширокиот универзум. Навистина!?, пишува Џабир Дерала во анализата „ Г20 ламентира за „неизмерни човечки страдања“, но не ја виде руската злосторничка агресија против Украина“.
Сѐ се менува ама овој народ наш никако да се промени. Прави што сакаш, менувај устави и закони, тој пак е незадоволен. Сѐ некако минатото му било подобро. Па ако било подобро зошто и тогаш беше народецов незадоволен? Што сака народот да биде? Властодржец? Па нели му е доволно што е носител на суверенитетот па уште сака и да владее. Каде го има тоа, кажете?, прашува Војо Маневски во колумната „Неразбран народ“
Д. Мишев